таг / прв до врв

Имавме шанса да присуствуваме на уште едно одлично издание на Прв до врв. Честитки на сите учесници за нивното учество и уживајте во видеото! 

Февруарскиот месечник на Прв до врв е закажан за во недела на 12 февруари, а тематски е посветен на виното и празникот Св.Трифун и ќе се состои од групно планинарење и возење велосипеди до врвот на Водно, како и заедничко дружење на групата на врвот на планината.

Вчера во Скопје на кејот на Вардар кај скејт паркот во Центар, со почеток во 18 часот, започна летната серија од пет трки на плажа низ Македонија.

Започнува пријавувањето за овогодинешниот Прв до врв, омилениот настан на Скопјани за масовно искачување до врвот на Водно со планинарење и возење велосипеди.

Активно Скопје во недела на 24.05.15 беше построено на стартната линија во подножјето на Водно, причина Прв до Врв, настан кој го дава пулсот на спортско рекреативно Водно. Честитки до Победниците и секоја чест на тие што стигнаа горе..Прв Врв, втор мотор, трет балет... п.с. Браво за организаторите.

Во одлично неделно расположение, со голема посетеност и во пријатни услови беше одбележано доаѓањето на пролетта на падините на Водно во склоп на пролетниот Прв до Врв. Како дел од активното секојдневие на многу спортисти и рекреативци така и овој настан беше поддржан од Алгасан.

Во текот на изминатата вечер на 01.02.2017 во „НЛБ Галерија" беше отворена првата изложба на фотографии на здружението Прв до Врв кое е активно на повеќе спортско-рекреативни полиња со организација на различни настани низ Македонија. На изложбата можат да се погледнат повеќе фотографии од различни настани и автори фотографирани во периодот од 2006 до 2016 година.

Истата ќе биде отворена до 05.02.2017.

Како би го опишале искуството од учеството на ПРВ до ВРВ 2016? Со еден збор – ФЕНОМЕНАЛНО! :) Кога би го споиле натпреварувачкиот карактер и желбата за првото место, со желбата за забава и дружење на учесниците, тогаш ќе го добиеме настанот - ПРВ до ВРВ. 

Овој викенд на 18.10.2015 година се одржа рекреативното октомвриско издание на Прв до Врв на кое во убавото есенско руво на планината Водно уживаа многумина кои одлучија токму на овој начин да го искористат неделното утро. Алгасан беше на врвот и ги поддржа сите оние активни и спортски љубители на планината. 

Вчера, како дел од кампањата Мај, месец на велосипедисти, по трет пат се одржа традиционалната трка ПРВ ДО ВРВ, на падините на Водно.

Доаѓањето на пролетта беше одбележано и со планинарско и велосипедско искачување до врвот на Водно во неделата на 22 март, кога повеќе од илјада учесници го освоија врвот на скопската планина како дел од настанот Пролетен Прв до врв.

FB Препораки