таг / плат

Според изјавата на планинарски клуб „Предејане” од соседна Србија, вчера на 14.02.2016 година на планинарската акција за искачување на врвот Плат на Шар Планина, дел од 17-члената група била повлечена од лавина. Засреќа, таа не била со големи размери, а брзото дејствување на останатите учесници превенирало сериозни последици врз затрупаните.

Нема некој кој е малку навлезен во планинарењето a кој не е вљубен во Лешница и околината на ова место. Фантастичен предел во срцето на Шар Планина. Во Алпски стил со густа шума и над неа кулоари и расфрлани оштри карпи на сите страни наоколу. Интересно место за сите љубители на убава гледка, опуштена планинска прошетка но и сериозно тренинг место на генерации Македонски алпинисти. Во лето карпата не се качува, ронлива е. Но во зима поради нејзината северна експонираност станува сериозно поле за практикување на зимски алпинизам.

Си се собрале така фина екипа и во организација на ПСК „Скопска Црна Гора” на 8 ноември биле на Плат, Шар Планина. Шубао.

Плат е преубав врв кој се наоѓа помеѓу еден од најубавите предели на Шара до Горна и Долна Лешница. Стрмно се издига над реката Пена и Лешничка река од другата страна. Гледа многу јасно кон Кобилица на север-исток, Церипашина, Карабунар, Бакардан, Титов врв на југо-запад, врвот Среден Камен кој во алпски стил се извива над Лешница и е како на дланка, сите овие врвови се многу близу и гледката е здивоземачка, а само малку подалеку од ова го гледате речиси целиот гребен од Црн Врв до Мал Турчин, секако и околните планини се јасни и убаво видливи поради височината од 2398. Но сепак, околината е она што го прави овој врв посебен и преубав.

Еве вака ние си свиркавме викендов на Шара и си уживавме во супер друштво ко на плажа....само поубаво. Ајде и вие со нас....АХ....АХ....АХ

FB Препораки