таг / планинско трчање

Овој викенд во одлична и позитивна спортска атмосефра на Марковите Кули и прилепскиот регион се одржа деветтото издание на трката Крали Марко Треилс. Вкупно 240 тркачи од 20 држави стартуваа на трите трки за возрасни на 16, 34 и 67 километри. Дополнително, на детската трка Маркукуле Треил учествуваа 60-тина деца на возраст до 12 години кои истрчаа 1,5 километри.

Официјален видео тизер на трката Охрид Треил 2019!!

Заокружете го датумот и потврдете ја вашата следна планинска авантура со уникатен поглед на нашите двете прекрасни езера - Охридско и Преспанско. 

Оваа 2019 година во екот на пролетниот период, охридско-преспанскиот регион и планината Галичица ќе бидат домаќини на нов спортски настан со две трки во планинско трчање - Охрид Треил. 

Во следните 10 дена, до 11 ноември ќе можете да се регистирате за петтото идание на трката во планинско трчање во околината на Штип - Струмина Треил. 

Оваа година за прв пат на територија на општина Кисела Вода и планината Китка се одржа трка во планинско трчање - Китка Треил Ран.

Не е случајно што се погоди времето на 17ти Февруари на врв Чупино, Плачковица. Вообичаено Чупино знае да се покрие во облаци или да дозволи силен ветер. Овојпат ја покажа сета своја посебна енергија и со нетрпение очекуваше натпреварување како тоа што го доживеа минатиот Септември. Чупино даде прекрасно сонце, чисто небо, малку ветер и сончеви зраци на Леглото за подготовка на скара, селско-месо, компири подготвени на жар итн.

Овој февруари на 17.02.2019 очекувајте зимска стрмна трка на Чупино Брдо - 1725 мнв, на Плачковица. 

По успешното прво и снежно издание на трката во планинско трчање „Водно-Матка Треил Маратон" кое се одржа на крајот од март 2018 година и на кое учество зедоа 320 тркачи од 15 држави, идната година напролет, планината Водно и кањонот Матка ќе бидат домаќини на второто издание кое е закажано на 31.03.2019 година.

Прилепскиот планински тркач Александар Стојкоски заедно со важната помош од една мала логистичка екипа, вчера на 17.10.2018 успеа да ги искачи и поврзе сите врвови над 2000 метри на планината Баба (на македонска територија) за помалку од 24 часа. Ако се прашувате колку се на број - скоро 1 врв за секој час.

Овој викенд на 14 октомври 2018 ќе се одржи првото издание на трката Китка Треил Ран каде учесниците ќе имаат можност да трчаат на две патеки во должина од 14 и 28 километри. Есенските бои на Китка се веќе во полн ек, а организаторите ги очекуваат првите тркачи на Китка. 

FB Препораки