таг / пелистер

Овој викенд на 11 мај ќе се одржи 30-от традиционален планинарски марш во чест на првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на светот - Димитар Илиевски Мурато. 

Официјално и фантастично промо видео за настанот во даунхил велосипедизам кој ќе се одржи од 1 до 3 јуни 2018 година на Пелистер во организација на Екстрим Бајк Тим Битола

Видеото подоле е четири минутна приказна за патувањето на полските блогери Руда и Марек низ баба Планина и врвот Пелистер. Тие го истражуваат балканскиот полуостров и неговите природни убавини доловувајќи го низ текст, фотографија и видео нивното искуство. 

Од стара и пред распаѓање ловечка куќичка, планинарските ентузијасти од Битола и Пелистер со локална помош веќе ја реновираат и опремуваат истата во планинарски дом. Па браво бе екипа, тоа е љубов.

Земаш 7 млади норвешки момчиња, ги облекуваш во дресови на Вардар и Пелистер и во скијачка опрема и ги пушташ на Куп финале по скијачка падина. Што би можело да тргне наопаку?

Прилепскиот планински тркач Александар Стојкоски заедно со важната помош од една мала логистичка екипа, вчера на 17.10.2018 успеа да ги искачи и поврзе сите врвови над 2000 метри на планината Баба (на македонска територија) за помалку од 24 часа. Ако се прашувате колку се на број - скоро 1 врв за секој час.

Фотографија - Горан Петровски 

Гелчо Јовановски е турно махер кој редовно (веќе 35 години) може да биде сретнат на падините на Баба, оваа година (2015) во зимските месеци си правеше видеа од неговите шарам-барам снежни авантури. Погледнете го репертоарот на Гелчо: Болници, Копанки, Ловечка, Антени..

FB Препораки