таг / патепис

Добитникот на низа награди на филмски фестивали кој имавме можност премиерно да го погледнеме оваа година на филмскиот фестивал ЕХО, сега е достапен целосно на интернет. Уживајте. 

За овој ден немам ставено фотографии поради испразнетиот фото-апарат, а и немам наведено места кадешто го почнуваме и завршуваме возењето. Веќе бевме навлезени во Алпите. Населените места се се поретки. И километражата за овој ден е мала. Само 31 километар.

Спиевме во некои пченки. Беа многу високи. Што ли нема да направат за да родат повеќе? Беа високи и по 5 метри. Во близина имаше и некоја куќарка, ама беше напуштена. Планиравме таму да се скриеме ако заврне. Некако како да се подготвуваше да врне...

Продолжуваме со одбележувањето на петгодишнината од Македонската Тур де Франс Експедиција. После успешната премиера на филмот „Слобода на две тркала", сега ви ја претставуваме книгата-патепис „Мојата прва експедиција" од Слободан Трајковски - организатор и водач на експедицијата.

Околу пладне нè разбуди галамата од патот. Сè наоколу беше прекрасно. Каде ли се наоѓаме? Синоќешното туркање по угорниците ни се чинеше нереално. Кога ли сме легнале што волку доцна се будиме?

Тргнуваш некаде на пат, ама не си секогаш сигурен зошто го правиш тоа. Дали тоа е она што те исполнува? Или сега ќе одлучуваш дали ќе дозволиш да те исполни? Одиш за нечиј инает? Ќе докажуваш некому нешто? Тргнуваш со една намера, но не си сигурен дека тоа е тоа што те води. Потсвесно имаш други мотиви. Верувај. Целта на оваа експедиција беше да ги качиме трите најтешки превои на Алпите посетени од Тур де Франс (Кол ду Галибие, Алп Дуез и Мон Венту) и попатно да изгледаме некоја етапа на трката. Фамата што се случи со знамињата не беше планирана. Сакав само да го развеам македонското знаме како што тоа го правам насекаде.

  •  

FB Препораки