таг / падобран

Јане Стефанов од Аероклуб „Скопје" на уникатен начин и го честита 70от роденденот на својата мајка Марионка Стефанова-Маре.  Подарок од соништата - скок со падобран на спортскиот аеродром Стенковец.. 

Послободен стил од слободен пад, амин.

Мајмуните од Моаб (Moab Monkeys) се спортисти и изработувачи на филмови, но пред сè, трагачи по адреналин на кои не им недостасува инспирација и реализација, а заштита како да не им е потребна кога изведуваат мајмунлаци на рачно изработена пајакова мрежа распространета на карпи високи 122 метри.

Доколку знаеш доволно добро да се направиш неаеродинамичен, самиот воздух ќе ти помогне да постигнеш подобри резултати во експлозивноста на спринтот. Доколку не знаеш, купи си падобран. Не е нешто ново, но е ефикасно.

Дали е можно да слеташ без падобран? Да. Дали може да останеш без гребнатинка? Речиси да. Дали Англичанецов е луд? Дефинитивно да!

Кога бејс-џампот ќе го надоградиш со катапулт достоен да искпука возрасен човек...

Како да немаше доволно опасности во аеро спортовите како падобранство и скај дајвинг, па ајде да ставиме дека може да те удри и метеорит. Типот со сигурност е среќлија затоа што остана промашен, а според шансите, и голем баксуз што се најде баш на тоа место во еден "бескраен" простор.

Бабава јасно ни покажува дека дефинитивно вреди цел живот да штедиш паричка по паричка особено доколку имаш зацртана цел парите да ги потрошиш на скок со падобран и тоа на 90 години. 

FB Препораки