таг / охридско езеро

Екипата од нуркачкиот центар „Акватек” кои пред неколку дена открија и објавија бела када расположена на дното на Охридското Езеро, овие денови направија повторно нуркање и ја отстранија. 

Овој викенд на 25.08.2018, Бојан Трајковски и Саше Ангеловски од Македонија ќе се впуштат во една интересна езерска кајак авантура во обид да го изминат целото охридско крајбрежје (на македонска територија) со кајак во еден ден. 

Според годишниот регатен календар во организација на Едриличарската федерација на Македонија и ЕК Снегар - Струга се одржа критериумско државно младинско едриличарско првенство во класите Оптимист, Ласер 4.7 и ревијално учество во кадет 470ка.

Убаво видео ни прати Бојан Велевски снимено минатата недела од група ентузијасти на велосипеди што го свртеле езерото (Охридско) и уживале на турата... 

Во организација на Кајак – Кану Клубот Дрим од Струга заедно со Меѓународната организација на пловни спортски клубови НСС, на 19.09.2015 година во водите на Охридското езеро го организира Првиот Кајакарско Веслачки Маратон Струга – Охрид во должина од 11 км.

Неконтролираното градење, узурпацијата на крајбрежјето, загадувањето со отпадни води и друг отпад, неодржливите туристички практики. Ова се некои од проблемите кои го загрозуваат Охридско Езеро - едно од најстарите и најразновидните езера во светот. Експертите предупредуваат дека ако се продолжи да се управува со езерото како досега, тоа што ние го имаме сега, со сигурност ќе го немаат нашите деца. Еко активистите, пак, посочуваат дека исклучиво Владата е одговорна и должна да го заштити Охридскиот регион, кој е прогласен од УНЕСКО за природно и културно светско наследство.

Младата Софија Бејковска Чачоровска, професорка по занимање, рекративен пливач и граѓански активист го преплива Охридското Езеро во 2016 год. со цел да поттикне и разбурка свест кај наделжните власти за изградба на покриен базен во нејзиниот роден град Битола. Подвиг од светски размери кој заслужува секоја чест и пофалба и исполнување на целите, едната лична, другата за доброто на заедницата. И по една година повторно упатуваме апел, подвигот на Софија да не остане залуден. Подвиг кој би имал далекусежни позитвни ефекти за сите нас. Девојка која плани со својот самопрегор, силна волја и работа и има уште многу достигнувања во својот ракав.

Во склоп на планираната годишна програма, СНК „Врело” во Охрид на плажата „Св.Стефан” на 03 и 04.06.2017 година ќе реализира еколошка акција за подводно чистење на дел од Охридското Езеро.

Една дефиниција вели: убавината е величина која добива вредност со текот на времето. Охридско езеро според оваa дефиниција е едно од најубавите природни места во светот, со историја од 4 милиони години. Дали ќе остане така ?

Денот 21 јуни можеби е светски ден на јогата, но е локален и важен ден за Охридското езеро и се прославува од 2000та година, на иницијатива од Билатералниот Секретаријат за заштита на езерото и сливот на водите, кога за прв пат општините Поградец, Струга и Охрид потпишаа мемеорандум за разбирање и соработка, за зачувување на природното богатство.

FB Препораки