таг / најк

Нешто повеќе ќе најдете тука

Тимот на Nike во соработка со Bodega, денес оддава почит на Нил Армстронг и целиот тим, кој на 20 јули, пред 45 години, го направи оној „огромен скок за човештвото“.

Кога државата има над милијарда жители, а главен спорт е токму крикетот, секој тинејџер навлечен на спортот во 20те централни метри од игралиштето гледа место од каде може да му се исполнат сите животни желби...

Епик моделите на „штиклираните“ патики (од 70тите па наваму) нацртани во минимализам и хронолошки подредени. Автор Stephen Cheetham.

Во борбата за пиедесталот „најдобри патики за трчање“ големите брендови се немилосрдни, се произведуваат нови материјали, технологии и дизајни, а сето тоа е поткрепено со допингуван маркетинг. Но Најк наместо футуристички технологии се одлучи за проверениот бабин гобленски рецепт, и сопствениот концепт за Nike Flyknit го постави на гергеф. Ова е резултатот!

Атлетската федерација на САД и гигантот за спортска опрема Најки изминатава недела потпишаа параф за спонзорство вредно 500 милиони долари и во времетраење до 2040 година. Во продолжение се поставува прашањето од насловот..

Пред две недели на ден среда, Адидас ги открива своите Primeknit FS, комбинација од копачка и чорапа во едно, а наредниот ден Најки ги објавува своите Magista, спортски обувки кои исто така се комбинација од 2 во едно. На страна од боите, тие изгледаат неверојатно слично..

Кејси Неистат организира патување од 10 дена минувајќи низ Њујорк, Рим, Египет, Тајланд и низ уште многу места низ светот. Интересното во оваа патување е дека сето тоа го плаќа Најк се со цел Кејси да направи филм за Fuelband, но наместо нормална реклама тој со парите организира патување околу светот за 10 дена и снима мало ремек дело.  Погледнете и ќе видите дека дечкото не случајно работи за Најк.

Ѕвездата на фудбалскиот тим Реал Мадрид, Месут Озил, ќе плаќа дневна казна од 122 илјади фунти ако уште еднаш облече копачки од Адидас. Германскиот репрезентативец летово беше забележан на натпревар како носи целосно бели адидас копачки, во услови кога се уште важеле одредени клаузули од договорот со Најк.

FB Препораки