таг / музика

Не ветуваме дека ова е последна објава затоа што ситуацијата со Таљат излезе од контрола, но резимево монтирано на раперски бит со мотивациона жица може слободно да ви биде перфектната музика за во теретана. Затоа ова оди во подкатегорија МОТИВАЦИЈА, a може и во иднина да има цела подкатегорија ТАЉАТ. 

Заборавете ги вежбалните! Англичаните смислија фитнес во диско. Прв пат инсталирана сцена за вежбање во Лондонскиот ноќен клуб "Ministry of Sound". Како изгледа тоа погледнете и сами...

Идејата за синхронизирање на вашиот чекор за време на физичката активност со темпото на тоа што тече низ вашите слушалки не е ништо нова, а во скоро време искочија и научни докази дека тоа не тера да вежбаме повеќе, посилно. Да видиме нешто повеќе за битовите во минута и вашата физичка активност.

Сакате ли да ја избустате моќта на мозочето кај вашето дете? Тогаш запознајте ги со некој музички инструмент. Скорешни истражувања укажуваат на тоа дека доколку детето свири некој музички инструмент, истиот ја оджува "острината" на мозокот како што расте и возраста кај детето. Но тоа не е единствениот бенефит. Развојот на социјални вештини и можеби откривање на талент се само дел од останатите...

За многумина неопходниот елемент кој овозможува парцијално оттуѓување и пуштање на мозокот на пасиште за време на тренинг, џогинг, точак или што и да е кој џабе е ако го имаш ако вади тапа звук. Еве, малку аудио параферналии за квалитетни тренинг битови.

Најголемиот, најстариот и најзначаен скејтбординг фестивал се одржува во Прага каде најдобрите светски скејтери ќе се натпреваруваат за наградата од 30,000 долари во street и bowl. 

Легендарната на Дип Парпл изведена од Вејд Симонс на неговиот точак. Има дечково креативна шпица.

Се смета дека човечката љубов за музика делумно еволуирала за да ни ги олесни физичките маки кои сме ги трпеле во разни ситуации. И во теретана има напор и маки.

Ментален стимуланс со музички миксови пред утрешната женска трка... и не само за оваа трка, туку за секој натпревар, тренинг и предизвик во животот, бидете вие победникот!

FB Препораки