таг / мусала

Летните каприци на времето продолжуваат, известуваат од бугарската телевизија Карлово. Додека ден претходно температурите биле околу 30-тиот степен, само 24 часа подоцна, двајца планинари на врвот направиле снешко. Го крстиле Јули. 

Пред точно една година на 25.12.2017, една мала група македонски планинари и планински тркачи, но пред се големи љубители на планината, решија да се предизвикаат себеси во обид за искачување на трите највисоки врвови на Балканот во еден здив. Една година подоцна, го имаме краткото филмче насловено „Зимска Балканска Трилогија” кое во целост го опфаќа овој подвиг. 

Триото македонски планински тркачи Александар Кирковски, Дејан Тодевски и Филип Тодоровски овој викенд успеаја да го подобрат времето за качување и симнување на трите највисоки балкански врвови - Мусала, Вихрен и Митикас. 

Продолжениот зимски викенд група македонски планинари решија да го потрошат во блиските комшиски планини посетувајќи ја прекрасната Рила со највисокиот врв на Балканот, Мусала и топлите води на Сапарева Бања.

Трите највисоки планински врвови на Балканот, календарска зима со доста снег, тројца планинари и еден неспецифичен авантуристички обид - да се искачат за што е можно пократок период. 

На 02-ри август, Дејан Тодевски ја успешно ја реализираше својата цел и за помалку од 24 часа стапна на трите највисоки врвови на Балканот Мусала, Вихрен и Митикас.

FB Препораки