таг / мтдфе

Од 24 јули до 7 август четворочлена екипа ќе ја формира „Македонската Тур де Франс Експедиција” која оваа година ќе се вози на прекрасните Доломити. 

Секој човек сонува. Кога бев студент во мојата соба ја имав закачено етно-географската карта на Македонија изработена од Чуповски во 1913 година. На таа карта се претставени сите македонски земји до каде што се зборувал македонскиот јазик и имало македонски топоними. А воедно, Македонија е претставена како една географска целина ограничена од реки, море и високи планини. Тогаш мечтаев дека некогаш ќе ја поминам целата таа земја и ќе ги посетам сите тие места. Ќе направам еден круг што ќе ги обедини сите земји што некогаш го носеле името Македонија. Но не знаев дека тоа ќе го направам на точак.

Одвратна нива. Епа баш во нива мораше да спиеме. Така, како за последна ноќ. Отвораме шаторот и гледаме во што сме спиеле. Скоро орана нива, некакви корења, фабриката уште си работи, бука од сите страни. Ама ајде, помина и тоа. Одиме накај Аграте. Барем Габриеле ќе ни се израдува.

Утрото се разбудивме во магла. Од каде па сега магла сред лето? Во воздухот се познаваа ситни капки. Се што беше оставено надвор беше водено. Јас па токму оваа вечер најдов да спијам на отворено. Вреќата утоп. Станавме и тргнавме надоле кон Понтедера.

Утрото морето беше мирно. Се разбудивме таман кога сонцето беше излезено. Локалците веќе почнаа да доаѓаат на плажата, тоа беа главно постари луѓе коишто имааат обичај да си ги завршат утринските обврски и да си дојдат на плажа. Како што ние одиме на прошетка или да се видиме со нашите пријатели во парк, така овие луѓе си одат на плажа. Си доаѓаат само по купаќи, и мажи и жени, и си пуштаат пешкир и легнуваат. Носат весници, овошје и вода. Ништо повеќе. Само лежат на песокот и си дофрлуваат нешто како да прават муабет.

Утрото не разбудија истите бранови со коишто заспавме претходната вечер. Што ли ќе ни донесе овој ден? Не може да биде подобро од ова. Се разбудив рано. Веднаш застанав на карпите и го гледав изгрејсонцето. Беше толку далеку. Прекрасно е. Сите си најдовме свое место од кадешто го гледавме сонцето. Огромен жолт диск некаде далеку не части убав поглед. Зарем уште ова ми фалеше после сите убавини што ги доживеавме? Дефинитивно не може да биде подобро од ова.

КОНЕЧНО!!! После половина година од премиерата на филмот „Слобода на две тркала" што го видоа илјадници љубители на планинскиот филм во рамките на караванот на ЕХО филмскиот фестивал низ цела Македонија, филмот го објавуваме и го правиме достапен за сите да можат да уживаат и да се инспирираат од подвигот на членовите на Македонската Тур де Франс Експедиција. Филмот ги пренесува искуствата на членовите на петте последователни експедиции, коишто искачија 30 планински превои на Алпите, проследија 19 Тур де Франс етапи и поминаа преку 8000 километри. Уживајте!

Сабајлето нè разбуди сообраќајот. Тоа беше Виа Емилија, улица што влегуваше во градот од северозападна страна. Мојот пријател Енрико од Модена, ми кажа дека тој пат е многу атрактивен за возење. Дека има стари римски мостови, многу велосипедисти, интересни села. Всушност тоа беше вториот по значење пат во Римската империја и беше изграден од Императорот Емилиј.

Тоскана е убава пријатна земја. Мене ми се допаѓаше уште пред да ја запознаам. Очекував да видам убави пејсажи. Отсекогаш ја замислував како ридеста земја со лозови насади и плантажи со малсинови дрва. Во подножјето на ридот ќе почнува дрворед што ќе заврши на врвот на ридот кадешто ќе се наоѓа куќата на домаќините и другите објекти. Тоскана беше токму тоа. На сето тоа додадете ги и Апенините, па Фиренца, Пиза и Сиена, морето.

Утрото се разбудив рано. Гледам другиве спијат. Го пропуштаат изгрејсонцето. Морав да ги предупредам. Си лежев така во вреќата и си гледав кон морето, кон местото од кадешто излегуваше сонцето.

Продолжуваме со одбележувањето на петгодишнината од Македонската Тур де Франс Експедиција. После успешната премиера на филмот „Слобода на две тркала", сега ви ја претставуваме книгата-патепис „Мојата прва експедиција" од Слободан Трајковски - организатор и водач на експедицијата.

FB Препораки