таг / МОК

Која е физичката моќ што човек треба да ја одржи во текот на еден час за да може да „извесла” 60 километри со својот велосипед, и секако, зошто тоа е скоро невозможно, откриваме во следната сезона посветена на велосипедот, велодромските стази и рекорди. 

Во Парк Хотел&Спа денес се одржа заедничка прес конференција на Македонскиот олимписки комитет и Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, по повод штотуку завршените Младински олимписки игри Буенос Аирес 2018.

Македонскиот олимписки комитет (МОК) во партнерство со општините и основните и средните училишта од општините Карпош, Чаир, Прилеп и градот Скопје, оваа недела, заеднички ја одбележуваат манифестацијата „6 Април - Меѓународниот ден на спортот за развој и мир".

Почитувани, согласно Стратешкиот развоен план и Олимписките програми на Македонскиот олимписки комитет, на 26 Декември 2017 година (вторник) во 10:00 часот, во ПАРК ХОТЕЛ&СПА, сала Њујорк (http://parkhotel.mk/), со 12 (дванаесет) спортисти, ќе се потпишат Договорите за добивање на Олимписка стипендија ТОКИО 2020.

Во организација на Македонската тениска федерација и Македонскиот олимписки комитет, во периодот од 13 до 25 Ноември 2017 година се одржа првиот модул од ИТФ обукaта за тениски тренери.

Македонскиот олимписки комитет во соработка и директна комуникација со Меѓународната веслачка федерација (ФИСА) и Веслачката федерација на Грција, за потребите на Веслачката федерација на Македонија обезбеди едукација и надградување на знаењето на македонските тренери (веслање).

Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Веслачката федерација на Македонија (ВФМ), во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Меѓународната веслачка федерација (ФИСА), за потребите на веслачкиот спорт во следните две години, на предлог на ФИСА го ангажираше Хронис Властаридис, еден од најдобрите ФИСА експерти во светот за обука на тренери за веслање и за развој на веслачкиот спортски систем во Македонија.

Отворени се 23-те Зимски олимписки игри ПјонгЧанг 2018. На церемонијата на отварање на игрите, македонското знаме го носеше нашиот олимпиец, Ставре Јада. На Олимпискиот стадион во ПјонгЧанг пред 30.000 гледачи, Олимпискиот шампион од Ванкувер 2010 и сребрената од Олимписките игри во Сочи 2014, Јуна Ким го запали Олимпискиот оган.

Денес, претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), д-р Васил Тупурковски и медицинскиот директор на УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА „СВ.НАУМ ОХРИДСКИ-СКОПЈЕ", Примариус Д-р Иван Спировски и организациониот директор Нермин Шаќири, потпишаа договор за партнерство со кој Универзитетската клиника „СВ.НАУМ ОХРИДСКИ-СКОПЈЕ" ќе ги пружи своите услуги на MOK односно на најдобрите македонски спортисти-Олимпијци и Олимписки кандидати до 2020 година.

Во рамките на Обуката за напреден спортски менаџмент на Македонскиот олимписки комитет, МОК за членовите/кандидатите кои ја посетуваат оваа обука, ја издаде книгата "МЕНАЏМЕНТ НА ОЛИМПИСКИ СПОРТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ" која е основна литература и која треба да помогне за поефикасен спортски менаџмент со Олимписките спортски организации во кои спаѓаат спортските клубови, Националните спортски федерации, Националниот олимписки комитет, Меѓународните спортски федерации и Меѓународниот олимписки комитет.

Денес, претседателот на Македонскиот олимписки комитет д-р Васил Тупурковски и еден од сопствениците на ПАРК Хотел & Спа, г-дин Алтин Малиќи, потпишаа четири годишен договор за партнерство со кој ПАРК Хотел & Спа ќе ги пружи своите услуги на MOK во периодот 2017-2020 година.

FB Препораки