таг / мери мирческа

Овој викенд со старт и финиш во Банско се одржа третото издание на трката Пирин Ултра каде од нашата држава учество земаа три претставници на двете трки во должина од 160 и 66 километри. Мери Мирческа успеа да го освои првото место во женска категорија на долга трка од 160 километри, а Александар Кирковски успеа да се пласира како 15-ти во генерален пласман меѓу едни од најсилните имиња во овогодинашнито издание на светската Скајранинг лига.

Викендов на планинската трка Корфу Маунтин Треил (Corfu Mountain Trail) која има неколку различни дистанци настапуваа нашите планински тркачи Мери Мирческа и Александар Стојкоски од Прилеп. Тие успеаја да постигнат одлични резултати и да се пласираат на првото и второто место во нивните трки. 

Викендов на 01.07.2017 на планината Бјелашница во Босна и Херцеговина се одржа планинската трка Вучко Треил каде одлично претставување имаа нашите тркачи од Прилеп - Мери Мирческа и Александар Стојкоски со прво и второ место во своите трки. 

Изминатиот викенд, одличните прилепски планински тркачи Мери Мирческа и Александар Стојкоски учествуваа на една од повеќето трки на планината Пинд, северна Грција и остварија одлични резултати. 

Овој викенд во исклучително студени услови се одржа второто издание на меѓуграничната трка во планинско трчање „Шарпланински Скајрејс 2016”. Македонските натпреварувачи имаа севкупен одличен настап, а прилепчанката Мери Мирческа заврши на првата позиција во женската конкуренција.  

FB Препораки