таг / матерхорн

Пред две години, на почетокот од август 2016 година, две наши наврски го направија првото траверсирање на Матерхорн од страна на македонски тим, стартувајќи од Червинија и гребенот Креста дел Леоне, а симнувајќи се по швајцарскиот гребен Хорнли. Ова е приказната за Алек, Кољо, Бојан и Саша на Матерхорн како мало загревање за ЕХО 2019.

Видео од соло искачувањето на Матерхорн од страна на нашиот планинар Александар Кирковски ова лето. 

Нашиот планинар и планински тркач Александар Кирковски не престанува да изненадува со одличните времиња на искачување на алпските врвови оваа сезона. По Мон Блан кој ова лето го искачи од италијанската страна, следеше алпската икона Матерхорн и врвот Гран Парадизо, сите во брз стил со качување и спуштање за кратки временски периоди. 

Читајте за првото траверсирање на Матерхорн направено од македонска екипа ТУКА

Фото - Бојан Митаноски 

Ако некогаш сте гледале фотографии или видеа од искачување на иконата меѓу планините - Матерхорн и сте се запрашале како се симнуваат надоле... Еве типчево има ептен директен пристап :). Бонус - погледете го видеото на нашите Саша и Ана на Матерхорн, како и записот на Александар Кирковски за неговото.

Група на швајцарски алпинисти по повод 150 години од првото качување на Матерхорн направија уникатно обележување на годишнината со тоа што ја осветлија првата мината рута со помош на многу челни ламби. 

Еден месец по објавувањето на информацијата за првото женско соло искачување на Матерхорн од италијанска страна од страна на Ирина Дишовска, на забелешка од поголемиот дел од македонската планинарска јавност како и други релевантни институции, се појави сомневање во веродостојноста на дел од информациите. Откако случајот беше разгледан и во Комисијата за високогорство и експедиции, во официјално соопштение се огласи и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Алпинизмот никогаш не бил "вообичаен" или "реален" живот за мене, туку би рекол, бегство од тоа. Привремена активност која ме привлекуваше. Не ја оценувам ниту како морална обврска ниту како физичка потреба, но тешко би можел да се откажам од оваа активност. Лудо, будалесто искачување, од друга страна пак, би ме направило да бидам скромен, ентузијастичен и восхитен. - Рајнхолд Меснер

Вчера на 08.08.2016 година, четворочлена екипа од Македонија во акција организирана под капата на ФПСМ успеа да го направи првото траверсирање (пречење) на Матерхорн од италијанска кон швајцарска страна. 

FB Препораки