Оваа година Тиквешките Точкаџии од кавадаречко ги канат сите љубители на спортот и рекреацијата да го посетат скриеното богатство во пазувите на Кожуф и регионот на Мајден, Рожден, Мрежичко и рудникот Алшар светски познат како едно од ретките наоѓалишта на лорандит. На репертоарот следат две вело-тури, планинарење, трчање, забава, кампинг и многу повеќе...