таг / Македонска алпинистичка федерација

Минатиот викенд од 18ти до 19ти мај 2019та, на Матка се одржа традиционалниот алпинистички собир "Македонски алпинистички великани" кој традиционално се случува секој мај. Во рамките на собирот беше изведена голема интервенција во карпата од страна на членовите на Македонската алпинстичка Федерација - МАФ, со чистење на расклатени блокови, менување на старите и дотраени клинови, чистење на ѓубре од околината на локалитетот и уредување на пристапните патеки обраснати од вегетација.

Овој викенд на Матка од страна на македонската алпинистичка федерација беше спроведена еколошка акција за чистење на ѓубре во делот околу манастирот Св. Никола Шишевски. Ја поздравуваме акцијата и поттикнуваме што поголемо учество во организирани или самостојно акции на граѓаните, едукација и подигнување на еколошката свест за зачувување на природата.   

Во текот на викендов, членови на Алпинистички Клуб Матка и Алпинистички клуб 8 - АК 8 од Скопје, реализираа неколку работни содржини во рамките на практичниот дел од испитот за соодветни алпинистички називи во рамките на Македонската Алпинистичка Федерација.

FB Препораки