таг / лешница

Нема некој кој е малку навлезен во планинарењето a кој не е вљубен во Лешница и околината на ова место. Фантастичен предел во срцето на Шар Планина. Во Алпски стил со густа шума и над неа кулоари и расфрлани оштри карпи на сите страни наоколу. Интересно место за сите љубители на убава гледка, опуштена планинска прошетка но и сериозно тренинг место на генерации Македонски алпинисти. Во лето карпата не се качува, ронлива е. Но во зима поради нејзината северна експонираност станува сериозно поле за практикување на зимски алпинизам.

По примерот на европските и светските планински држави кои зимските туристички капацитети веќе долго време ги имаат направено во летни атрактивни локации со широка понуда на спортови и активен туризам, Македонија е неопходно да го држи чекорот кон ваквиот развој. Спортските настани како Планинскиот фестивал на Попова Шапка е одличен пример како треба да се работи на случајот.

Затоа што времето започнува да фаќа потопли ветришта и затоа што е редно да ви пуштиме малку лиги за лето. Интермецо од Македонските Алпи и срцето на Шара. П.С. Ова нека ви бидат наш предлог за некој топол летен викенд.

Локалитетот Лешница, сместен во срцето на Шар Планина, покрај тоа што е еден од најубавите предели на планината нуди и одлични можности за квалитетен високогорски и алпинистички зимски тренинг.

Најблиску што можете да бидете до пролетната алпска убавина е верувале или не во токму во вашето маало. Тура Лешница - Среден Камен / Шар Планина.

Фотографија - Петар Герасимов - ПСД Макпетрол

Овој викенд, во организација на ПСД Макпетрол и TREX ќе се одржи исклучително интересна планинска трка од бисерот на Шара, Лешница преку Среден Камен, до Титов Врв. Близу 4 километри должина, а цели 1000 метри висинска разлика за многу адреналин и големи искушенија.

И ајде после не иди на планина!

Фото: Горјан Славковски

FB Препораки