таг / легенда

Постојат спортисти што се синоним за спортот кој го практикувале, спортисти кои ја надминале бариерата на она за што мислиме дека е возможно. Постојат спортисти чии резултати и остварување се граничат со мит кој тешко се достигнува, легенди кои засекогаш ги поместиле границите на човековите можности. Запознајте го Јанис Курос - Богот на ултрамартоните.

Само недела откако документарниот филм „Одметник - Легендата за Фред Беки” беше прикажан на нашиот Ехо - планински филмски фестивал (каде и доби Гран При награда), качувачката икона на нeгови 94 години почина. 

Џони Вајсмилер (Johnny Weissmuller) е роден како Јанос Вајсмилер (Janos Weissmuler) во околината на Темишвар во Романија (Банат-Србија). СПОРТИСТ - ПЛИВАЧ, АКТЕР - најуспешниот интерпретатор на главната улога ТАРЗАН во филмовите изработени според романите на Едгар Рајс Бароуз.

Иако пред месец дена Јохан Кројф изјави дека во натпревар со ракот на неговите бели дробови тој се чувствува како да „води" со 2:0 на полувреме, на 24.03.2016 година, холандската и светската фудбалска легенда не ги издржа продолженијата и замина во вечноста. Повеќе за брилијантниот фудбалски ум, неговите гледишта за фудбалот и збровите кои другите ги кажаа за него, читајте подолу. 

Глен Плејк се смета како пионер на ектремното скијање во САД. На скии прв пат се качил кога имал две години, момент кој му оставил траен впечаток за да го посвети животот на овој спорт.

FB Препораки