таг / лаваредо

Алпинистите Симон Гитл и Виторио Месини оваа недела успеаја да направат исклучително интересен подвиг качувајќи ги северната страна на Ортлер, јужната страна на Чима Пикола ди Лаваредо и северната страна на Гросглокнер за помалку од 48 часа, а помеѓу врвовите нивниот транспорт беше немоторизиран т.е. единствено со велосипед и скии. 

Со желба да дознаеме нешто повеќе за планинското трчање, поконкретно за ултрамаратонските дистанци на планина како една од нејзините омилени активности во природа, се најдовме и поминавме еден ден со Тања Пенева Здравева - член на македонскиот клуб ТРЕКС и долгогодишен љубител на треил трчањето. Откријте нешто повеќе за убавината во овие аутдор активности кои несомнено претставуваат исклучителен предизвик за секого...

Овој викенд, шестчлена екипа на планински тркачи од клубот TREX ќе бидат дел на една од најубавите и најтешките трки во планинско трчање во Европа, Лаваредо Ултра Треил кој се одржува на Доломитите во Италија.

Искрено, ние не знаеме подобар начин за најубаво запознавање и доживување на одреден регион од активниот алтернативен туризам. Овојпат, екипата на TREX беше на Доломитите во акцијата - Лаваредо Ултра и Кортина Треил 2015. 

FB Препораки