таг / кругот на македонија

Во текот на вечерта се разбудив и излегов од шатор. Така сум се смрзнал. Насекаде имаше магла и температура не повеќе од 10 степена. Многу ладно за јули. Се тресев додека стоев надвор. Па и алиштата ми се натопија од влагата, се тресев дури и додека не заспав во вреќата. Радика се забучила, мислиш ќе не однесе. Беше навистина голема. Но сепак немаше опасност бидејќи бевме на повисоко ниво од текот.


Се разбудивме во многу мирно маало од градот. Претходната вечер газдите ни рекоа дека можеме да спиеме до колку сакаме и да си одиме кога ќе бидеме подготвени. Не не брзаа. Ама немавме многу време за лежење. Си станавме на време како и другите денови, ги земавме точаците, товаривме и тргнавме. Не се ни поздравивме. Немаше никој во хотелот. Толку беше рано.

Утрото се разбудивме рано. Доста беше спиење. И онака рано легнавме. Се што беше оставено надвор беше водено. Требаше да претпоставам дека ќе има мнгу роса. Георгијани се наоѓа на 500 метра висина, но има големо влнијание од планината. Тука поминува и реката што ја зголемува влжноста, и сите услови за роса се исполнети.

Во текот на ноќта почна да дува. Некако ми мирисаше дека ветерот ќе донесе дожд. Спиев веднаш покрај шаторот на отворено. Штом почна да врне се прфрлив во гаражата. По некое време и таму ми дојде вода. Па се префрлив во кујната. Па почна да ми мириса на готвено, и видов-не видов си се пикнав во шатор. Само се плашев да не врне и во текот на денот па да не можеме да возиме.

Имав некое чудно чувство за ова место. Претходната вечер кога баравме најудобно место за спиење тргнавме накај реката, а таму видов една камп-приколка, чудно паркирана, како нешто да се случуваше внатре. Не му кажав на Марко дека сум се исплашил. Сепак решив да спиеме на таа полјана, иако ми беше страв, само за да не паничам.

Сакав да тргнеме што е можно порано заради жешкото време, да возме до Велешко езеро, таму да правиме голема пауза, и попладнето да продолжиме. Според планот тој ден требаше да стигнеме до езерото Калиманци и да спиеме на брегот. Тоа е огромна километража. Но бидејќи ни беше прв ден, мислев дека би можеле да го постигнеме тоа. Но планот многу ќе се измени.

Спиевме во околината на градот Љапчишта на триесетина километри од Костур. Целта за денеска ни беше да влеземе во Мала Преспа, да ги поминеме Корча и Поградец и да спиеме што е можно поблиску до Радожда.

Да ме тепаш не би спиел на вакво место. Ова е е едно од оние места на кои што сме се сместувале, најчесто во темница, и нема ништо: ни вода, ни река, ни сенка, клупа, маса, ништо. Пуштај шатор, спиј, продолжи да возиш. Толку. Колку да не спеиш на точак или на асфалтон. Ни се измивме од сабајле, ни јадевме. Но сепак се разбудивме весели. Ќе одиме во Солун. Во главниот град. И што е најважно, ќе јадеме гиро. Како ли не мотивираше гирото? Марко веќе ме чекаше на патот додека јас собирав се околу шаторот. Се спакував и тргнав и јас.

Колку убаво сум се наспал. Рано се разбудив. Мислам дека уште ни сонцето не беше излезено. Марко сеуште беше во шаторот, а тоа значеше дека и јас не треба да се брзам да излегувам од вреќата. Удобно ми беше на камениот под, само со изомат под мене. Ми требаше ваков тврд сон оваа вечер, после непреспиената претходна ноќ.

Цела вечер не заспавме. Не знам што ни беше. Го слушав Марко како се врти на креветот, значи не спие. Јас спиев на подот и можеби од тврдото не можев да заспијам. Ама сум спиел и на бетон и на бекатон плочки па сум немал мака. Не знам што ми беше вечерва. Марко тврдеше дека е од магнезиумот што го испивме пред спиење. Можеби.

Секој човек сонува. Кога бев студент во мојата соба ја имав закачено етно-географската карта на Македонија изработена од Чуповски во 1913 година. На таа карта се претставени сите македонски земји до каде што се зборувал македонскиот јазик и имало македонски топоними. А воедно, Македонија е претставена како една географска целина ограничена од реки, море и високи планини. Тогаш мечтаев дека некогаш ќе ја поминам целата таа земја и ќе ги посетам сите тие места. Ќе направам еден круг што ќе ги обедини сите земји што некогаш го носеле името Македонија. Но не знаев дека тоа ќе го направам на точак.

FB Препораки