таг / критична маса

Календаров вели дека денес на 31.05.2017 - неформалната дружина која си го бара местото за својата ѕивана на асфалтот - Критична маса - Скопје полни 5 години. Кога поминаа бе 5 години?

Во Будимпешта настаните под мотото "Критична маса" престанале да се одржуваат уште во 2013 година бидејќи на последното собирање имало околу 100.000 велосипедисти што јасно укажало дека движењето ја постигнало својата цел. За тоа време во државата следи редовно, систематизирано и стимулирано инкорпорирање на велосипедот се подлабоко во порите на општеството за на денес да бидат на третото место по вртење точак во Европа веднаш зад Данска и Холандија. Како успеале Унгарците толку да напреднат во својата велосипедска култура?

Веќе три години дечките од неформалното здружение НаТочак, секоја последна среда од месецот мобилизираат стотици луѓе на велосипед затоа што како што велат „Скопје не може да биде веле-град без најпрво да стане вело-град".

За да видиш дека нешто функционира треба да му дадеш време а тоа да ти возврати со резултат. 14 точаци пред јавната здравствена установа за бушење заб во 8 саат сабајле вели дека луѓето сè повеќе го сакаат точакот како нивно превозно средство. Сега треба уште..

Тетовци како и Скопјани си ја покажаа својата свест за подобро утре и ја организираа нивната прва Критична маса која се одржа во саботата на 13 април 2013 на плоштадот во Тетово. Погледнете одблиску

Штипските точакољупци продефилираа низ градот под Исарот со своите двотркални миленици. 

Ние гласаме од сега па натаму Критична да слави во најлош случај два родендени во годината, а колку повеќе толку подобро.

Еве како изгледаше возењето на 12-тата критична маса вчера низ Чаир. Многу среќни лица на точак и многу весели лица од страните што ни мафтаа. Скопје вчера беше поубав град.

Со формирани и извозени девет претходни собири и десетиот кој што ѕирка наредната недела, точакољупската маса во Скопје покажува дека може да се активира за почисто Скопје, поздрави скопјани и повеќе насмевки. Погледнете го краткото филмче „На улица #На точак“ кое ги претставува сите претходни критични собири, а беше промовирано на конференцијата за социјални медиуми и активизам Engage. 

FB Препораки