таг / конектинг битола

Многу логично е дека за да така гордо чекори твојата штикла по битолското корзо, мора некаде да се капне пот и да се одржуваш во форма. Нè повикаа, ние прифативме и ви откриваме каде и како се одржува фит понежната половина од „сокакот“.

Токму она што му беше потребно на прекрасниот Пелистер и богатата битолска историја со планинарењето, организиран зимски марш до „Антена“ по „Патеката по камењарот“. Свежо, убо, посетено, зачинето со мајтап и со идеја да се претвори во традиција. Затоа што Пелистер го заслужува ова!

Уште од почетокот на зимава, ако може да се класифицира како права зима, на ум ни стоеше планината Баба со својата маркантната убавина, врвот Пелистер. Договор падна заедно со еден гостопримлив битолчанец кој се покажа како одличен домаќин, дојдоа уште двајца и тргнавме нагоре. Како ден беше избрана сабота, а баш таа сабота на Пелистер бевме само ние, буквално. Шубо, шо би рекле битолчани!

Како дел од мини-концептот "Конектинг Битола" кој го започнавме со кратката видео репортажа за планинарењето на Пелистер, а ќе има за цел да ја следи спортска шема која кружи на и околу Широк сокак, следи опфаќање на малата болдер вежбална која опслужува голем број битолски љубители на спортското качување т.е. да бидеме попрецизни, качвањето. 

FB Препораки