таг / компарација

Честопати слушаме како Попова Шапка со Јелак, па и Брезовица, се едни од најубавите ски-центри, кои рамноправно се „носат" преку своите параметри и убавини со најпознатите ресорти од Алпскиот регион. Подолу даваме независни изјави на двајца врвни познавачи на Алпските, но и светските планински масиви за „рангот" на ШАРПЛАНИНА што го завазема во светски рамки.

Покрај исхраната која игра екстремно важна улога во добивањето на квалитетни резултати, соодветната комбинација на силов тренинг со тегови и кардио вежби, а не само едното или другото ќе ви ги намалат килограмите, но и масните наслаги од струкот. 

Ако го земеме предвид баш оној тајминг кога одите накај работа и попатно губите нерви бидејќи сите други одат со кола, па не ве собира по улицине, точакот ја шие колата во сите правци, а ги шие и вашите нерви. Е сега замисли ако велосипедот има освежена инфраструктура за движење, а граѓаните имаат поголема свесност за него. Удирај шамари НаТочак, удирај.

За разлика од кафето кое ни дава само енергија и мерак, чашка добро пивце пред бреинстормингот во фирма покрај МЕРАКОТ може да ви ја зголеми креативноста и да ви ги ослободи длабоките мозочни конекции од каде иницијално никнат сите добри идеи! Лошо е што после две-три, отпуштаме ланци.

Џабе мапи, статистики и бројки кога најдобро човек разбира преку гледање. Бидејќи кризата со прекумерната тежина во Америка излегува од контрола, а останува прикириена под маичките и кошулчињата, еден уметник, а воедно и истражувач дебелината ја направи лесна за визуелизација, преку пиксели.

Исти потези, исти движења, шутеви од исти позиции, исти гримаси и ист менталитет на паркет. Беспотребни се компарациите за тоа кој е подобар, бидејќи титулите и прстените зависат од цела екипа.

Убаво е тоа што сте се одлучиле физички да се активирате преку било кој спорт, но не оставајте редовните тренинзите да ви поминат со едно ниско и млако темпо туку активирајте се максимално за да видите максимални резултати.

Продажбата на велосипеди скоро комплетно ја надмина продажбата на автомобили низ цел континент. Може географски и ние сме дел од неа, ама цел живот пекаме за тоа кога ќе влеземе „во Европа“, па затоа кај нас веројатно (немаме резултати, ама читај сигурно) сè уште кола си е кола, бе братче.

Сите „знаат“ дека има разлика што прво ќе вежбаш, дали кардио или силов тренинг во една иста тренинг сесија, само што никој не е сигурен како е правилно.

И ако тргате од она старото „диши на нос, идиши преку уста“ додека рекреативно си трчате или можеби посериозно вежбате, можеби ќе грешите, ама можеби и нема!

Прашање чиј одговор треба да ви е кристално јасен која пролетта и летото се веќе пристигнати. Уживајте!

FB Препораки