таг / кмт

Оваа година планинската трка Крали Марко Треилс го имаше своето осмо издание, а на четирите трки учество земаа над 460 тркачи. Уживајте во кратката видео рекапитулација од настанот...

Оваа сабота на 22 септември 2018 со старт и финиш во Варош, Прилеп ќе се одржи осмото издание на трката во планинско трчање Крали Марко Треилс. 

Датумот за најголемата ултра-маратонска трка во планинско трчање во Македонија за 2017 година е откриен. Очекувајте интересни новости и информации... 

Иако поминаа веќе неколку недели од Крали Марко Треилс, радосни сме да ви го пренесеме според нас најспортското запросување за 2015 година во Македонија. После 65 километри и 3100 метри угоре-удоле, оди па клекни на колено да те видам. Ама Александар издржа, а Елена секако кажа „да”.

Од центарот на Прилеп, преку манастирот Трескавец сè до Варош на Слонче вчера на 11.10.2013 се одржа овогодинашната Крали Марко Треил трка во планинско трчање. За жал, оваа година немаше доволно пријавени тркачи за трката да оди на „Ултра“ ниво, но сепак организаторите се погрижија да се одржи најкратката и доволно слатка трка која имаше хуманитарен карактер. 

Од 22 до 24 Септември оваа година, во Варош- Прилеп ќе се одржи седмото издание на трката во планинско трчање Крали Марко Треилс. Оваа најстара и набројна трка кај нас која има меѓународен карактер и која од година во година се повеќе расте, годинава ги сруши сите рекорди по број на натпреварувачи и по земји учеснички. Повеќе од 400 тркачи од 22 земји, се доказ за се поголемата атрактивност и се поголемата привлечност на овој спорт, како и потврда за континуираниот раст на трката.

Отворена покана до сите авантуристи и љубители на природата за учество на еден од најуникатните традиционални спортски настани во Македонија - Крали Марко Треилс 2016. Забрзајте го темпото и пријавете се до крајот нa рокот овој август...

Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од најубавата и најтешката планинска трка во Македонија - пријавете се на „По стапките на Крали Марко”!

FB Препораки