таг / кина

Кина става забрана за туристичка посета на базниот камп на Еверест поради еколошки причини. 

Викендов во Хонг Конг се одржа деветнаесетото издание на Vibram Hong Kong 100 (HK100) на која доминираа кинеските спортисти.

Откако беа направени неколку обиди за потрага по исчезнатиот бугарски искачувач на врвот Шишапангма во Кина, и откако беа направени неколку безуспешни прелети со хеликоптер, мешаната спасителна екипа реши да ја прекине акцијата. Бојан Петров останува вечно на Шиша. 

Веројатно на клупа пред зграда, затворенa дома пред компјутер или заблеaна во зрачниот смартфон... Кој ќе владее со светот и што велат пророштвата не e нималку тема на статијава. Но доколку ја читаат родители, знајте едно, нема подобра инвестиција во вашата челад од спортот. Запишете ги да скокаат, трчаат, да се натпревруваат, да губат и победуваат, за да израснат со правилен психолошки и телесен израз, со самодоверба и истрајност за да се соочат со сите предизвици во животот, и да изградат навики што постојано ќе ги облагородуваат. 

Утрово Марк Цукерберг (Стопанот на Фејсбук) со дел од своите соработници направи утрински џогинг од 14 километри во кинескиот град  Xi'an и даде пример за тоа како треба еден CEO на компанија да го стартува денот, дури и после долгиот лет.    

Популарноста на маратонското трчање во Кина е во подем и непрекинато расте и покрај екстремно слабиот квалитет на воздухот во големите кинески метрополи како Хонг Конг и Шангај. 

Во последните скоро три декади (од 1992 па наваму), Кина беше убедливо најголем увозник и преработувач на пластични маси во светски рамки со дури 45% од увозот на пластика за рециклирање. Но, од 31 декември 2017 година Кина воведе промена во овие политики и државата решава целосно да го забрани увозот на оваа суровина. Прашањето е што ќе се случи со проценетите 111 милиони тони пластика кои до 2030 година ќе се насоберат во светски рамки ? 

Старо но навистина одлично авантуристичко видео на Кристоф Рихеџ за неговото пешачко патешествие низ Кина кое траело точно една години или 4500 километри. Низ патувањето, Кристоф прави документирање на неговиот лик и брада каде ги опфаќа сите промени во текот на авантурата. Сето тоа е компресирано во 5-минутно видео кое ќе ве остави без здив, а може и инспирира за сличен авантуристички проект. Денеска бар сите имаат бради, но сигурно ни фали храброст за авантура... 

Инфарктен натпревар со гол во 93та минута и резултат од 2-1 го остави Хунан (Hunan Billows) во второлигашка конкуренција кој од Јули за свој тимски менаџер го назначи Жикица Тасевски кој моментално е единствен македонски тренер во Кина. 

Марко Секуловски е воспитаник на Факултетот за Физичка култура во Скопје, тренер по карате и бивши репрезентативец во кати. Марко веќе година дена работи во Пекингшката интернационална билингвална академија како професор по физичко воспитување со голем елан и енергија. Тоа е доволна искра за да му направиме интервју и за миг да се префрлиме во Кина.

FB Препораки