таг / Килиан Жорнет

Чисто ако се прашувате како се станува еден од најелитните спортисти на планетата, одвојте околу 6 минути во кои маестралниот Килиан Жорнет ќе ви објасни нешто повеќе за неговиот тренинг и начин на живот. Секако дека равенката е добро познатата - малку талент, а многу многу работа и тоа уште во раните години од животот, а нормално, ако не уживаш во сето тоа, нема да имаш никаков напредок. 

Во неговиот најсвеж обид за поставување на брзински рекорд на највисокиот врв на светот, шпанецот Килиан Жорнет успеа да го искачи врвот, но не и да ја постигне целта на проектот. 

Да го сретнеш убедливо најдобриот планински тркач некаде на 4300 метри над морето, а под врвот Мон Блан - бесценето.

Каталонската ултра машина Килиан Жорнет во неговиот проект Summits of my life успеа да ја заокружи и највисоката точка во западната хемисфера со тоа што ја истрча нагоре-надолу за помалку од 13 часа. 

Од денеска, 11 јули 2013 официјалниот рекорд за најбрзо качување и симнување на Монт Блан е 4 часа и 57 минути, а го постави младата ултра тркачка машина, Килиан Жорнет.

Викендов во Силвертон, Колорадо се одржа овогодинашното издание на трката Хардрок 100 каде неверојатниот Килиан Жорнет успеа да дојде до неговата четврта победа по ред, но овојпат со повреда на неговото рамо. 

„Во планините е кул да не успееш. Да отидеш и да увидиш дека не можеш затоа што ти не си сè уште спремен или можеби условите не се добри. Не успеваш во околу 50% од обидите. Но тоа значи дека ќе имаш мотивација повторно да се вратиш... 

Иако идејата на Килиан за поставување на брзински рекорд на Еверест пропаднаа во вода оваа 2015 година по катастрофалниот земјотрес што го зафати Непал, тој се уште го има овој проект на ум, па најверојатно, доколку условите дозволат ќе се обиде да го направи тоа наредната пролет. Во ова интервју тој дава негови гледишта за потфатот, некои детали за тоа како би се извел и многу повеќе.

Ултратркачот Килиан Жорнет како дел од неговиот проект „Summits of my life“ рекордно го искачи и симна врвот на Северна Америка, МекКинли за 11 часа и 40 минути.

Кога некој ќе спомне издржливост или надчовечност, имедијатно помислете на ова младо момче кое на 25 години веќе има поставено рекорди и резултати кои тешко дека некогаш ќе се срушат.

FB Препораки