таг / Кејси Неистат

Го имавме уште на времето на интересните реклами за Најк кога им го рекламираше ФјулБенд, па имаше видео за скриените калории во фастфуд рестораните и неговите искуства со њујоршкиот маратон, па бодраше во сред Менхетен и имаше епски скоро целогодишен влог на неговиот канал, ама ова очигледно никој и не ни го очекуваше. 

Постојат денови, како пример недела, 3ти ноември 2013, кога на репертоарот на град како Њујорк на истиот тој 3ти ноември се закажани две работи, Маратонот и ЈуТјуб музичките награди. И што ќе одбереш ако имаш влезници и за двете?

И покрај тоа што Кејси секој ден оди и се враќа од работа со трчање, возење точак или пливање, едноставно, тој смета дека не е битие створено за седење на биро, па си склопува една многу шизичка работа за меѓусеансно канцелариско размрдување, а и размрдување на блиските комшии.

Кејси Неистат организира патување од 10 дена минувајќи низ Њујорк, Рим, Египет, Тајланд и низ уште многу места низ светот. Интересното во оваа патување е дека сето тоа го плаќа Најк се со цел Кејси да направи филм за Fuelband, но наместо нормална реклама тој со парите организира патување околу светот за 10 дена и снима мало ремек дело.  Погледнете и ќе видите дека дечкото не случајно работи за Најк.

Ок, Кејси е ретка будала која прави исклучително добри Ју Тјуб филмови, а овој март на неговиот роденденски филм се наоѓа со двајцата опасни хрватски маунтинбајк момци Мислав Мирнович и Горан Јурика кои ја учат појавава да направи бекфлип со маунтинбајк точак. Со оглед на тоа што му успеа од 9ти пат, Кејси го бива за вакви работи.

Понекогаш не е доволно да верувате само во она што е напишано. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за храната, како на пример колку калории има туршијата или вашата омилена сарма, следете го примерот на Кејси. Само внимавајте, откога ќе го изгледате неговото најново видео ќе има многу пу пу не важи.

FB Препораки