таг / кардио

Збор два за ефикасноста, енергичноста и мотивирачката страна на тренингот во група.

Рацете често се заборавен дел од тркачката механика, а токму тие можат да бидат пресуден фактор за успешен тренинг или трка.

Ако постои тренинг метод кој е општоприфатен и практикуван на светско ниво тоа со сигурност е фартлекот. Тој е едноставен, забавен и супер ефикасен. Придобивките од неговата редовна примена се несомнени и ги надминуваат границите на физичката спремност.

Трчањето е едно од најприродните активности за човекот. Некој трча заради рекреација, за некого трчањето е животен стил, а за некои од нас пак трчањето е одамна заборавена игра на која се сеќаваме или навраќаме од време на време. Без разлика на тоа во која група спаѓате, постои еден фактор од кои зависи дали трчањето ќе се претвори во измачување или пак ќе со неизвесност ќе го очекувате следниот тренинг.

Иако кратките и долгите атлетски дисциплини технички спаѓаат во една иста активност - трчање, тие драстично се разликуваат на еден куп полиња. Само тргнете од градбата на спринтерите во однос на онаа од маратонците и на сите ни е јасно дека нивните тела се вајаат за различни патеки, брзини и дистанци. Сепак, тоа не значи дека ефектите од тренинзите не може да се преклопуваат... 

Она што веројатно не сте го знаеле е дека во меѓувреме качувањето скали стана спорт кој е во постојан раст и со се поголем број на организирани трки, а ако сте се прашувале зошто качувањето скали е составен дел од тренингот на многу спортисти аматери и професионалци, еве го одговорот.


Џон Сутерленд е човекот кој е единствениот активен сопственик на најдолгата тркачка низа, 50 години без ниту еден ден пауза од трчање. Еве неколку интересни информации за оваа тркачка легенда и неколку корисни совети токму од него.

Јажето за скокање е една од најдобрите и најефективни фитнес реквизити кои постојат. За жал оваа супер практична и економична направа често е комплетно заборавена и потценета.

Човекот е чудо. Ние сме единствените цицачи на планетата земја кои (во целост) се движат односно одат на две нозе. Целокупната наша мускулатура е дизајнирана и прилагодена за ова движење. Тоа е најприродната и најсоодветната активност за човекот. Создадени сме да бидеме во постојано движење. За жал, заради современиот начин на живот во кој најголемиот дел од времето го минуваме седејќи, пешачењето станува табу тема.

Темпо тренингот е вид на тркачки тренинг кој се трча на или околу границата на лактатниот праг. Едноставно објаснет, ова е брзина на која доаѓа до наталожување на млечна киселина во мускулите на нозете а тренингот на оваа брзина ни помага да го подигнеме нивото на лактатниот праг, односно да трчаме побрзо пред мускулите да почнат да се заморуваат.

Во последните неколку декади, трчањето и дефинитивно станува еден од најбрзорастечките и најпопуларни спортови на рекреативно и аматерско ниво. 

FB Препораки