таг / карате

На 17.09.2017 во убавиот град под Шара, Тетово, се одржа големиот меѓународен турнир „Тетово Опен 2017” каде што учествуваа 450 натпреварувачи од шест Балкански земји.

Марија Бунтеска е новата шампионка на Балканот и тоа во кати за деца до 11 години. До овој успех дојде откако без некои големи проблеми ги победи и силите како што се Турција и Босна.

Македонскиот олимписки комитет за потребите на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) и Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), обезбеди 20,000 долари финансиска помош, средства кои се со директна намена за подготовки и учество на Европските првенства во 2017 година.

Од 01 до 03 јули 2016 година во Умаг Хрватска се одржува Светскиот младински карате куп организиран од WKF (Светска карате федерација) која е единствена призната од страна на светскиот олимписки комитет. На овој величествен настан учествуваше и европскиот вицепрвак, воедно и Балкански првак Абдурахим Идризи од КК Макпетрол од Скопје, пријавен во ката кадети и кумите кадети -52 кг.

На 05.02.2016 се одржа првиот ден од Европското карате првенство за Кадети, јуниор и У21. Нашиот каратист Абдурахим Идризи го освои сребрениот медал. 

Независно дали ќе одберете карате, џудо, реален аикидо, теквендо секако нема да погрешите.


Во клубот на шампионите, КК Форца, си вежба златно дете кое со неговиот покажен квалитет, докажува дека ако продолжи со овој интензитет да работи наскоро треба да очекуваме резултати и на големите европски и светски натпреварувања.

Средба на претседателите на МОК, АМС и КФМ со нашите најдобри каратисти.

Првата статија која ја напишав пред извесно време понуди некои информации за исхрана кај каратистите и употреба на суплемети кои би помогнале во одредени ситуации за постигнување на одредена цел и оптимални резултати. За да не „умрете“ од досада решив да напишам и одредени информации поврзани со физичка припрема, користење на различни тренажни методи и нивна примена да ги опфатам во посебен текст.

Од 05 до 07.02.2016 во Кипар се одржува Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21. На овој настан, како дел од државната репрезентација на Македонија, учествува и Абдурахим Идризи кој ќе се натпреварува во кадетска конкуренција во дисциплината КАТИ.

На семинарот организиран од карате тренерот Живко Дракуловски беше присутен Масао Кагава, навистина жива легенда во каратето, тренер на Јапонската репрезентација и навистина почитувам лик во каратето (шотокан стил). Имав можност да присуствувам на еден тренинг и навистина има што да се научи од тој човек. 

FB Препораки