таг / истра

Првите 100 милји се тешки, следните се бетер! :) По трет пат сум на овој евент. Првата година 65km, втората 110km, лани скокнавме и годинава 100miles. Мислам дека е доста од Истра.

Изминатиот викенд 06-07.04.2018, поголема екипа oд 15 планински тркачи од Македонија земаа учество на една од најдобро организираните трки на балканско и европско ниво - 100 милји на Истра која се одржува на истарскиот полуостров во Хрватска. 

Викендов на четвртото издание на најголемата треил трка во Хрватска, меѓу повеќе до 900 натпреварувачи учество ќе земе мешана македонска екипа која ќе настапи на сите четири трки од овогодинашното издание. Вкупно 15 наши тркачи, заедно со пријателките од Америка, Шкотска и еден Србин се веќе во Умаг и се спремни за старт. 

Фактот што после крајно ѓаолска коинциденција на мојот втор настап на истата трка на 100-те Милји на Истра јас имам скоро идентичен резултат т.е. само 15 секунди побрз на трка од 110 километри, наговестуваше една добра рекапитулација на сè она што ми се случи и вадење на солидно наравоучение од авантурата. Сепак, најубавите поуки се вадат од сопствените грешки, нели?

Од 12 до 14 јуни оваа година во Премантура, најјужниот дел на полуостровот Истра во Хрватска ќе се одржи авантуристичката трка „Камењак” која се одвива во истоимениот национален парк во овој предел. Настанот е составен од исклучително интересен репертоар на авантуристички елементи како кајакарење, трчање, возење планински велосипед и спортско качување.

FB Препораки