таг / истегнување

Ако статичното истегнување пред тренинг има негативен ефект на перформансите па дури може да биде и штетно, динамичното истегнување/загревање има потполно спротивен ефект.

За многу спортски ентузијасти пливањето претставува единствена активност која е прифатлива во текот на топлите летни денови. Несомнено е дека овој спорт секогаш е одличен избор со кој сигурно нема да згрешите. Но, пред да не зафати летната еуфорија, ајде да се потсетиме на некои неопходни работи кои ќе ни го направат пливањето уште попривлечно.

Дисторзиите на зглобовите претставуваат едни од честите повреди во спортот, а исто така и кај популацијата која не се занимава со спорт. Дисторзиите на скочниот зглоб претставуваат едни од најчестите видови на дисторзии, и по пример од овие повреди ќе се објаснат видовите на дисторзии на зглобовите и нивната рехабилитација.

Без разлика дали се бавите со спорт заради одржување телесна тежина, хоби или професионално, постојат неколку клучни делови на кои морате да обрнете екстра внимание доколку сакате да добиете максимални резултати. Ви ги претставуваме трите основи на секој спорт без кои тренингот би бил некомплетен.

Една од најчестите неконтактни мускулни повреди е истегнување или затегање на препоните (дистензија на адукторната мускулатура).

Почетник сте или можеби веќе подолг временски период професионално се занимавате со спортска активност? Без разлика на која група припаѓате, важно е да знаете што треба да преземете за да го намалите ризикот од повреди. Повредите се појава што им се случува и на најискусните и не само што можат да ве спречат да ги постигнете посакуваните резултати, туку и да предизвикаат болка што трае подолг временски период.

Во последните 30-ина години бројката на луѓе кои имаат проблем со вратниот дел од 'рбетниот столб и рамениот појас е порасната од 40% на над 85% од светската популација. "Благодарејќи" на современиот начин на живот и седечката положба на телото во која поминуваме најголем број часови во денот, нашето грло и градниот кош се затвораат а тоа, на физичко ниво, се манифестира како болка во вратот и рамената.

Истегнувањето е нешто што спортските доктори и тренери топло го препорачуваат па дури и го препишуваат како терапија. Тоа е составен и неизоставен дел од тренингот на речиси сите спортисти и широко применуван метод во пост-тренажниот процес и периодот на рехабилитација. Сепак и покрај долгогодишната примена, сè уште постојат многу прашања на кои дури и оние кои редовно применуваат вежби за истегнување немаат јасен и точен одговор.

Ви презентираме компилација од уличен тренинг со Александар Тренчевски...

Загревањето е задолжително пред било каква физичка активност, но дали „ладењето” т.н. cool down е потребно после секој тренинг?

FB Препораки