таг / искачување

Овој викенд на 09.02.2019 Александар Кирковски и Димитар Тодоровски успеаја да го искачат највисокиот врв во Јужна Америка како припрема за брзинскиот обид што следува.

Моментално во подножјето на највисокиот врв во јужна Америка - Аконкагва 6962 мнв се наоѓа екипа од петмина македонски планинари. 

Зимските активности во високите планини на Непал и Пакистан оваа сезона се веќе во тек. К2 се уште привлекува со својата непристапност во зимски услови, Даниеле Нарди повторно е во пазувите на Нанга Парбат, а Симоне Моро е во обид за зимско на Манаслу. 

Пред точно една година на 25.12.2017, една мала група македонски планинари и планински тркачи, но пред се големи љубители на планината, решија да се предизвикаат себеси во обид за искачување на трите највисоки врвови на Балканот во еден здив. Една година подоцна, го имаме краткото филмче насловено „Зимска Балканска Трилогија” кое во целост го опфаќа овој подвиг. 

Викендов на 22 септември на највисоката точка од масивот Мокра, на тазе поставеното обележје на врвот беше поставено нова плоча која вели - Солунска Глава 2540 мнв - 1000 искачувања - Буран. 

Еден месец по објавувањето на информацијата за првото женско соло искачување на Матерхорн од италијанска страна од страна на Ирина Дишовска, на забелешка од поголемиот дел од македонската планинарска јавност како и други релевантни институции, се појави сомневање во веродостојноста на дел од информациите. Откако случајот беше разгледан и во Комисијата за високогорство и експедиции, во официјално соопштение се огласи и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Откако последната снежна бура на врвот Манаслу донесе и до 6 метри нов снег, единствената опција на тимот кој оваа сезона целеше кон зимско искачување е да се евакуира.

На 30.12.2018 наврската Бојан Митаноски и Саша Грбиќ направија искачување на врвот Вихрен преку северната страна и насоката Скалниот жлеб - лева варијанта V+, 500 m. 

На 25 октомври оваа година австрискиот алпинист Давид Лама самостојно успеа за да го искачи досега неискачениот врв Лунаг Ри 6907 мнв, кој е на границата на Непал и Тибет.

Видео од соло искачувањето на Матерхорн од страна на нашиот планинар Александар Кирковски ова лето. 

Четириминутно одлично видео на Елиа Сајкали од последната делница пред искачување на Еверест преку југоисточниот гребен. Глетката од јужниот према вистинскиот врв, траверсот под стреа пред Хилари Степ, гужва на Хилари Степ и зачекорување на финалниот врв или што би се рекло „фајнл пуш”, сè спакувано во многу добар квалитет. 

FB Препораки