таг / хималаи

Светот е во опасност да изгуби две третини од глечерите на Хималаите и Хинду Куш, а со тоа ќе се загрозат повеќе од две милијарди луѓе. Пострашното е тоа што и радикалните промени нема да ги спасат овие круцијални извори на вода.

Оваа пролетна хималајска сезона, 79-годишниот Карлос Сориа од Шпанија заедно со неговата екипа тргна во деветиот обид за искачување на неговата 13-та од 14 планини повисоки од 8000 метри. Кој е Карлос - човекот што цели да стане најстариот кој ја има комплетирано Хималајската круна, а досега држи старосен рекорд на 8 од овие врвови. 

Откако беа направени неколку обиди за потрага по исчезнатиот бугарски искачувач на врвот Шишапангма во Кина, и откако беа направени неколку безуспешни прелети со хеликоптер, мешаната спасителна екипа реши да ја прекине акцијата. Бојан Петров останува вечно на Шиша. 

На денешен датум пред 29 години, Димитар Илиевски - Мурато од Битола како дел на македонско-хималајската алпинистичка експедиција „Еверест '89" успеа да направи огромен подвиг за нашата Република и македонскиот спорт. Тој се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест, но при враќањето не успеа да слезе во последниот висински логор и засекогаш остана таму. Во чест на Диме.

Нашиот високогорски искачувач Здравко Дејановиќ моментално се наоѓа во базниот камп на 5143м под третиот највисок врв на светот - Кангченјунга 8586 мнв. 

Откако пред една недела тимот на Алекс Чикон конечно крена раце од зимското искачување без О2 на Еверест, полската експедиција од базниот камп на К2 исто така се огласи дека става крај на експедицијата на засега единствениот и се уште неискачен 8000-метарски врв во зимски услови. 

Алпинист, зоолог, спелеолог, екологист, борец за заштита на животната средина, татко на две деца, сопруг и скромен човек - вљубеник во планината. Како што тој самиот имаше изјавено, Бојан Петров никогаш не ги покоруваше врвовите, туку единствено себеси. Поставете си високи цели и следете ги додека не успеете до врвот!

„Го искачив Еверест 21 пат, повеќе од било кој на планетата земја, но никому не би го посакал истото.”

После успешно измината аклиматизација на третиот највисок врв на светот Кангченјунга 8586 мнв, Здравко Дејановиќ се наоѓа пред прозорец со добро време и обид за искачување. Информацијата ја пренесуваме интегрално од неговата Фејсбук страна. Му посакуваме добро време и успешно искачување и симнување од врвот!!

Пред три години, поточно на 24.03.2015, како дел од мешана експедиција нашиот хималајски искачувач Здравко Дејановиќ успеа да се искачи на еден од најтешките и опасни врвови над 8000 метри - Анапурна 1. Подолу следи краткиот филм за искачувањето во режија на Горан Вуќиќ. 

Полската зимска експедиција на К2 сè уште се наоѓа на планината и трпеливо работи на потенцијалното прво зимско искачување на последниот од низата врви повисоки од 8000 метри. Во последниот допис, дуото Биелицки-Урубко се на 7400 метри. 

FB Препораки