таг / глобално затоплување

Во близина на врвот Дент ду Геант на планинскиот масив Мон Блан се појави едно кристално чисто езерце. Проблемот е што истото се формираше за околу 10-тина дена, на висина на која нормално и не треба да има вода во течна форма.

Според последните извештаи на тема глобално затоплување, со ова темпо за три декади Лондон може да очекува клима како денешна Барселона, а Москва како онаа на Софија. Скопје ќе биде идниот Тексас. 

Иако не треба да си метеоролог за да приметиш дека најголемиот дел од прогнозите за глобалното затоплување се остваруваат, една опширна студија на ниво на скијачките центри во Швајцарија прецизно ја покажа бројката на изгубени снежни денови во еден релативно мал временски период.

Загрижени за сè помалите врнежи на снег во зимските месеци во последните години? Не сте единствени, многу зимски спортисти низ светот се замислени, а повеќето и доста загрижени...

Почнувајќи од вчера, во наредните 72 часа светот протестира со единствена порака кон политичарите: „Сакаме акции, не зборови за сопирање на климатските промени.“

Додека сите сме главно сконцентрирани на ефектите на транспортот и индустријата врз целокупната екологија и загадување на планетава, многу малку се зборува како исхраната може да игра важна улога во намалувањето на штетните гасови и глобалното затоплување. 

Французите си имаат "револуционерна" нишка, така да пред извесно време решија да докажат уште еднаш воведувајќи закон кој ги обврзува комерцијалните и приватните станбени објекти да ги прекријат кровните површини, со растенија или соларни панели, со цел да го подобрат биодиверзитетот и да помогнат во глобалната борба против климатските промени. Ова не е ништо ново, бидејќи во Канада пред неколку години сличен ваков закон стана реалност а популаноста во Европа е голема.

Сите сме зафатени и многу го цениме нашето време, но сепак постои еден проблем кој влијае на сите нас и е од огромна важност да биде решен за нашите идни генерации. Затоа, кратко и едноставно глобално затоплување...

Уште од одамна ќе се слушнеше некој муабет како со топењето на мразовите и зголемувањето на нивото на океаните и морињата, Македонија, кај и да е ќе излезе на море, па ќе имаме и морски туризам. Има некоја вистина во тоа...

FB Препораки