таг / галичник

Викендов планинарските тури растурија низ убавите ни планини. Љуботен и Караникола беа главните големи тури на Шара, а ПК Македон организираше уште една убава на Бистра и Меденица. Уживајте во Македонија и во прекрасното видео од Искра Савовска и Борис Ристовски. 

На задоволство на сите љубители на авантурата, од Јуни 2015 година во Галичник може да изнајмите опремен планински велосипед и заедно со вашето друштво да ја разгледате убавината на Бистра возејќи планинско велосипедска тура. 

Мала галерија на слики од неодамнешната посета на Бистра. 

Клипчево е снимено на некоја северна ледина на Галичник и тоа не порано од мајов, а може и јуни да е. Битно има снег, и кога мислите дека типчето се снима сам или бар со уште еден - двајца, ете ти ги цела тајфа на експлоатација.

Вистинско уживање додека се јава низ планинска идила близу селото Галичник на коњи кои одлично соработуваат и со почетниците, а притоа се впиваат прекрасните миризби, глетките на пасиштата, трлата со овци, пријатното ветре и се разбира за крај дегустацијата на добро познатото вкусно галичко сирење. 

FB Препораки