таг / галерија

Фото: Иван Нешовски fotoROOT

Дан Рузенгард, иноватор и дизајнер, посла една од велосипедските патеки во Холандија со „Ѕвезденото небо“ на Ван Гог. Патеката е осветлена со помош на соларни ЛЕД диоди и боја која свети во темница и ќе им помогне на велосипедистите ноќе полесно да ја следат својата лента.

Компанијата "Field Candy" најмува 40 талентирани дизајнери, фотографи, графички дизајнери и илустратори со цел да направат уметност од шаторите кои покрај својата дизајнерска уникатност ги исполнуваат и сите останати стандарди. Со овој потег им овозможија на камперите уникатно искуство за спиење под ведро небо.

Концепт на рускиот фотограф Олег Григориев за многу блиско доловување на уникатното чувство „будење во шатор“. Сликано некаде во таџикистанските планини. 

Извор 

На времето во македонските основни училишта се служеа сирењаци, кифли, гевреци и по некој јогурт. Денес се надевам нешто повеќе нутрициски потковано, но тоа е за Македонија. Ова се ужинките во училишта и градинки низ светот. Интересно е да се види како навиките, традицијата и развиеноста на земјата влијаат и на детските оброци вон домот...

Николас и Бренд се двајца млади момци од Келн, Германија кои што ја работат Vertical-Axis, мала продукција за спортовите кои се поставени на вертикалната оска. Овој април тие беа во посета на Македонија и нејзиниот скриен потенцијал за спортски туризам, поконктетно на прилепските болдери како една од најатрактивните дестинации за овој спорт на Балканот. Дечките беа доволно фини да ни дозволат да ги споделиме овие прекрасни фотографии тука како би се ширел добриот муабет за нашите можности. vertical-axis.de

Фотки: Nicolas Altmaier

 

Комбинации на чучњеви што треба да ги правите 2-3 серии по 12-15 повторувања ако сакате секси нозе и задник. 

Врвни атлети, слечени до гола кожа пред објeктивите на ESPN The Magazine. Еве какви провокативни тела ваја спортот...

Синхронизираното пливање тешко да нè остави рамнодушни. Секој елемент е достоен за восхит пропратен со ужување. Знаеме дека русите го владеат, но не знаеме точно кој напор се вложува за да се постигне ефектот... овие фотографии се фатени во „правиот смешно-страшен” момент и го доловуваат интензитетот и концентрацијата потребни за овој воден спорт. 

FB Препораки