таг / франција

Ски Центарот "Три Долини" e спој на повеќе ски центри во еден,така да со една ски карта можевме да скијаме на околу 600 км ски патеки, 120 крос кантри , 183 ски лифтови кои пренесуваат околу 260.000 скијачи на час, 1920 снежни топови и 76 ратраци.

Додека регионот се гуши во смогот на сопствената несвест, еден друг дел од планетата, полека го трасира патот по кој човештвото се движи. Уште еден доказ дека еко свеста е напредна фаза на генералната свест, доказ дека екологијата е религија на 21век.

Французите смислија еден несекојдневен начин за пренесување здрави навики кај најмладите генерации што можат да го сменат текот на иднината кон поздраво живеење, особено во нивниот главен град Париз. 

Кога си држава како Франција која има длабоко и богато алпинистичко минато, ќе имаш и вакви продукции кои ќе ги прават едни од најдлудите трејлери за алпинистички филмчиња. Baraka (запазете) Flims, а не Films и феноменалниот трејлер за Rockin` Cuba.

Не е привилегија да живееш во Франција ако не живееш Француски. Во Париз има еднаков број на салони за долна облека колку и пекарници. Французинките својата лудост по ексклузивни парчиња на долна облека во некоја рака ја користат како добар потсетник за својот изглед и добра линија. Можеби долната облека од црни тантели до некаде ќе ја објаснат мистеријата на францускиот парадокс со обемот на половината.

Деновиве се случува најголемата трка во ски алпинизам - Пиера Мента која што започна во Ареш, Франција. Трката трае 4 дена со нови и тешки стази.

15 луѓе, 2 комбиња, 1 автобус, 3 соби, 7 дена, 1 кокошка, 64 пива, 3 snowboard-a, 11 пара скии, 1 пешак, 4 кила кифлички, 1 роденден, -1 штака, +1 цимер, 16 греани вина, 1на светски најдолга стаза, сендвич со шпагети, прегорен фен, бојлер во спална соба, 1 шпил Set, неколку флаши ракија, нутела со brownie ..... и многу смеа. 

Кандид од што многу вака возел, рецепторите за нормалните хемикалии во телото ги согорел и најверојатните зборови на типчето на крајот од ова биле лефтерните : „- Па доста е за сезонава, се одјавив!“. Епа доста е Кандиде, и за нас е доста за оваа година!

Група другарчиња веќе долго време сакаат да го срушат рекордот за најбрзо спуштање од Монт Блан до Шамони. Малку скијање по снег, малку по карпи и кал, вртење на некоја педала и прилично брзо, нема што. 

Франција годишно ја скијаат просечно 10 милиони скијачи, а обртот на ски лифтовите е 1 милијарда евра годишно. Машала!

FB Препораки