таг / фото натпревар

Ако имате страст за фотографирање и уживате во фаќањето на моментите од секојдневието без разлика дали професионално или аматерски го правите тоа, Холандската амбасада дава можност да добиете велосипед како прва награда или фото камера како втора и трета награда.

Што значи за тебе поимот урбана животна средина? Каква слика добиваш кога го замислуваш твојот град и ти во него? Ако можеш ова да го изразиш во убава фотографија можеш да добиеш и убава награда од Европската агенција за животна средина.

„Вики ја сака Земјатa" е фото натпревар организиран од Википедија за спомениците на природата, заштитените природни подрачја, како и сите природни убавини во Македонија. Ако успееш убаво да ги фатиш нашите природни убавини, убаво и ќе бидеш награден. 

Сакаш да погледнеш како ќе изгледа Европа за неколку децении? Летово многу луѓе од цела европа се вклучија да ја фатат визијата за Европа во фотографии, па сега сите можеме да погледнеме што направија.

Иако фото-натпреварот The North Face 2014 Ski & Snowboard Photo Contest трае уште 4-5 дена, ние да си направиме напор за во случај да не испадне ко со Перо, па да се чудиме. Ако ништо друго гласајте си од ќеиф, за македонскиот иницијатор оваа фотографија да отиде на ова натпреварување, за нашата хардкор девојка која што се гледа дека кине, за нашата преубава планина на која е бордано и многу блискиот комшиски фотограф кој што си ја завршил работата како што треба.

FB Препораки