таг / еко

Кетрин и Вејн инвестирале 24 години од животот во изградба на нивната мала, самоодржлива, но прилично удобна куќарка која плови близу островот Ванкувер во Северна Америка. Сè е изградено со нивните четири раце, сè е одгледано во нивните градини, сè е уловено од локалните води, сè е надвор од мрежното покривање. И ништо не фали.

Еден голем процент од ѓубрето кое го создава едно домаќинство отпаѓа на остатоци од храна. Следуваат неколку совети како да ги минимизирате овие отпадоци, без оштетување на буџетот и за подобрување на вашиот еколошки отпечаток.

Зошто на девојките со дупната гума им се црни прстите? Не затоа што ја менуваат туку затоа што си прават кул додатоци... Феноменална еко идеја која преточува отпад во мода. Старите дупнати велосипедски гуми оваа девојка ги претвора во еколошки, вегански, модерни додатоци.

Ако МОБИЛЕН АМА ПАСИВЕН начин на транспорт објаснува користење на моторизирани средства (автомобили, мотори, јавен сообраќаен транспорт), лесно е да заклучиме дека МОБИЛНИОТ АМА АКТИВЕН начин е користење на велосипед, ролери или одење пеш.

Гигантот за спортска опрема веќе некое време е вклучен во разни проекти на рециклирање, а досега дури и има направено патики од целосно рециклиран материјал. Епа сега си направи цела продавница од ЦД-а, лименки и пластични шишиња.

FB Препораки