таг / ехо

Сериозно предупредување до сите вљубеници во планинските спортови:

На последниот фестивалски ден (петок - 27.10.2017 година) во киното Фросина беа прогласени победниците во неколкуте различни категории на конкурси во склоп на ЕХО - Фестивалот на планински филм 2017. 

Од 24 до 27 овој октомври во три кино сали низ Скопје ќе се одржи осмото издание на планинскиот филмски фестивал ЕХО. Еховци велат дека досега имаат најбогата филмска и презентациска програма со 35 филмови, тројца презентери од странство и неколку домашни, стандардните конкурси за фотографија и кратко видео како и филмска работилница. Да го погледнеме трејлерот и програмата!!

Денска од 19 часот во киното Милениум ќе започне програмата од последниот ден од овогодинашното издание на планинскиот филмски фестивал ЕХО. На репертоарот се два филмови од домашна продукција, прикажување на аматерски видеа како и нивна финална селекција и два странски проекти. 

Со малку подранета дата оваа година, од 17 до 20 октомври го очекуваме седмото издание на фестивалот што ја негува и прикажува љубовта кон планините преку седмата (честопати и осмата) уметност - планинскиот филмски фестивал ЕХО. 

Следејќи ја старата „Подобро некогаш отколку никогаш” решив да напишам нешто за Џек Балтазар и неговото другарче што не го запознав, кои имаат тргнато од Лондон за Бурма, со точаци нормално, а се најдовме стршно случајно на премиерата на „Слобода на две тркала” во кино Милениум, Скопје.

Во неколкучасовна програма во киното Милениум, вчера на 24.10.2017 се одржа отварањето на осмото издание на планинскиот филмски фестивал ЕХО. Главната улога во филмската програма на отварањето ја имаа пионерите и постарите атлети и ликови кои преку инспиративните животни приказни успеаја да ги мотивираат и насмеат сите во салата. 

Во склоп на седмото издание на Планинскиот Филмски Фестивал - ЕХО имавме исклучително интересна можност да се дружиме со Никлас Холстен - фрирајд сноубордер од Финска кој се има натпреварувано и освоено бројни сноуборд натпревари ширум Европа и своевремено беше дел од Freeride World Tour. 

Накратко, ова е дел од програмата на овогодинешното издание на ЕХО, фестивалот на планинскиот филм. Се гледаме на 17ти во 19 часот...

Со одлична посетеност во киното Мис Стон во Прилеп тргна караванот на македонскиот планински филмски фестивал „ЕХО”. Очекувајте проекции и во другите градови..

Како дел од овогодинашниот ЕХО фестивал беше и гостинот Бине Жалохер од Словенија, професионален фристајл и фрирајд скијач кој имаше своја презентација и проекција на филмот „Untouched”. Бине беше расположен и за малку качување на секогаш прекрасната Матка, а во истиот тој убав ден направивме и кратко видео интервју за него, неговата пасија и погледите кон активниот животен стил. 

FB Препораки