таг / документарен филм

Македонскиот документарен филм „Медена земја” ја раскажува приказната за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси.

6-минутно видео во 360 степени кое го следи слободното соло искачување на Алекс Хонолд како дел од филмот Free Solo

На денешен датум пред 29 години, Димитар Илиевски - Мурато од Битола како дел на македонско-хималајската алпинистичка експедиција „Еверест '89" успеа да направи огромен подвиг за нашата Република и македонскиот спорт. Тој се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест, но при враќањето не успеа да слезе во последниот висински логор и засекогаш остана таму. Во чест на Диме.

Убавина е кога можеш да видеш македонска еколошка наука како работи заедно со години со своите регионални и европски колеги на заштита и ревитализација на еден балкански и наш национален симбол.

Кратко и јасно - па се гледаме на ЕХО

Kратко филмче за тројца ултра-тркачи кои почесно трчаат низ новиот заштитен парк Патагонија во Чиле. Ретка успешна приказна за природата и човекот и враќањето на големи пространства назад на дивината.

Минатото лето на 03.06.2017 американскиот качувач Алекс Хонолд успеа да ја искачи една од најтешките насоки во долината Јосемити - Фрирајдер 7c/+ во слободен соло стил. Оваа година некаде во септември во режија и продукција на Џими Чин и Елизабет Васархели може да го очекуваме документарецот за Алекс кој прикажува еден неверојатен и интимен портрет на врвниот спортист, неговиот живот, семејството и опасностите во кои е завиена дисциплината слободно соло. 

Леонардо ДиКаприо и National Geographic ве водат низ три годишното патување низ светот, посветено на најголемиот проблем со кој се соочува човештвото од своето постоење, климатските промени. 

Ако приказната за планинарската трансверзала која ги има епитетите од насловот на оваа статија и која е доловена во еден документарен филм ви изгледа доволно примамливо, тогаш се гледаме овој четврток во кино Милениум!

Во 2014 година австрискиот режисер Џенифер Пидом започнува со снимање на документарецот „Шерпа” инспириранa од „тепачката” која претходната година се случува меѓу Шерпасите и тимот на Симоне Моро и Ули Штек и сакајќи да ги долови мизерните услови и големите ризици во кои тие работат се случува лавината која однесува 16 нивни животи... Што подобра приказна за еден документарец?

Од 29.04.2015 година (среда) во сите продажни места каде што можете да ги најдете весниците на дистрибуцијата МПМ ќе може да го купите за САМО 100 ден документарецот кој што доби безброј позитивни критики - НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ

FB Препораки