таг / ден 2

Цела вечер не заспавме. Не знам што ни беше. Го слушав Марко како се врти на креветот, значи не спие. Јас спиев на подот и можеби од тврдото не можев да заспијам. Ама сум спиел и на бетон и на бекатон плочки па сум немал мака. Не знам што ми беше вечерва. Марко тврдеше дека е од магнезиумот што го испивме пред спиење. Можеби.

Спиевме во некои пченки. Беа многу високи. Што ли нема да направат за да родат повеќе? Беа високи и по 5 метри. Во близина имаше и некоја куќарка, ама беше напуштена. Планиравме таму да се скриеме ако заврне. Некако како да се подготвуваше да врне...

FB Препораки