таг / чистење

Последен повик за мапирање на отпадот: Биди и ти дел од најголемата акција за чистење до сега!

2018 ја одбележува годината на најголемата граѓанска акција во светот - Светскиот ден на чистење. На тој ден, милиони волонтери од целиот свет ќе се здружат и ќе исчистат милиони тони ѓубре. Чистењето ќе се одржи во септември, а процесот започнува денес со мапирање на ѓубрето и дивите депонии во природата и во градовите.

За да не ви се криви единствено јавните служби кои „никогаш” не го чистат снегот, може и вие да фатите некоја лопата!

Овој викенд преку акцијата организирана од страна на Go Green-Биди Зелен и Ски Центар Маврово насловена како „Со срце за зелено Маврово” сите ние имаме можност да помогнеме во чистењето на нашиот најголем национален парк, да имаме корисно и убаво исполнет ден во природа, а како награда секој ќе добие ваучер за еднодневна ски карта оваа сезона. Одлична можност за општокорисна работа во природа. 

Паралелно на стотиците луѓе и екипи кои овој период се во обид за искачување на највисокиот врв на светот, постои една (релативно) мала група на доброволци кои таму одат за да го исчисти ѓубрето што претходниве веќе го имаат забаталено. 

За да се вклучиш се што треба е да се појавиш! 1ви Октомври, Сабота. 150 локации низ 50 општини во Македонија. Пронајди ја најблиската локација и оди на чистење, не му ја мисли многу, ѓубрето нека му ја мисли.

Сезоната на трчање и спортови на отворено е официјално отворена. Пролет е, а вие сте спремни и подновени за тренинзите кои предстојат. Ако сте нови во спортот би требало да знаете дека пролетта е многу променлива и оттаму не треба да ве изненадуваат често калливите и мокри патеки кои нема многу да ви сметаат вам, но можат и те како да им пречат на вашите омилени патики.

Периодот на празници е нешто што сите со нетрпение го очекуваме. Сите сакаат да бидат супер опуштени и да бидат опкружени со се она што ги прави среќни. Но, времето на празници полека завршува а тоа е знак дека е време и за пост празнично чистење и враќање на старите здрави навики.

Во склоп на планираната годишна програма, СНК „Врело” во Охрид на плажата „Св.Стефан” на 03 и 04.06.2017 година ќе реализира еколошка акција за подводно чистење на дел од Охридското Езеро.

Во идеалното сценарио вашиот бидон би требало да е испразнет, исчистен и исушен по секој завршен тренинг. Сепак најчестата приказна е потполно заборавен бидон кој ќе го чека следниот тренинг, а за тоа време ќе биде одлична подлога за лоша миризба и мувла... 

Ако ви здодеа (а реално треба да ви е здодеано) од ниското ниво на хигиена, еко-култура и купиштата ѓубре во одредени делови од нашата мала држава тогаш редно време е да бунтуваме. Приклучете се во акцијата за чистење на илегалните отпади ширум Македонија и кажете „НЕ” за отпадот. 

FB Препораки