таг / бранови

Квалитетно парче на документарец за локацијата на која се формираат некои од најголемите бранови во светот, Техупо на Тахити, а и за луѓето кои сурфаат големини на бранови кои не треба да бидат сурфани. Разработен е и проблемот со регулацијата на целиот „стадион“ на луѓе кои доаѓаат да фаќаат сеир.

Неколку сурф фаци одговараат на прашањето: „Каде не смее да се греши додека си на огромен бран“. И во принцип сè се врти на тоа дека ако бидеш на местото каде се крши бранот, ќе бидеш избушен.

Како што тргнале прогнозите, покачувањето на морското ниво поради климатските промени нема да донесе среќни вести за сурферите затоа што брановите многу веројатно дека ќе си отидат на Антартикот.

Пред некое време имаше објавено снимки каде Посејдон беше на камера, различни од оние кога Одисеј си иде за Итака. Епа сеа и овие како епопејава ги филмувале, кратко ама исто така моќно.

Првите џудовишта од бранови на јужната хемисфера се случија пред два дена во Техупо, Тахити кои нормално, беа радосно пречекани од околните про и не толку про сурфери. Еве некој поглед како беше.

FB Препораки