таг / боди билдинг

Во организација и под патрон на Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија, наскоро стартува курсот за издавање на лиценци за Бодибилдиг и Фитнес Персонален Инструктор.

Фитнес Студио Енерџи - Прилеп на натпреварот АТЛЕТА НА МАКЕДОНИЈА излезе со свој претставник Александар Ристески.

Од 25 до 27 септември во Мадрид, Шпанија ќе се одржи Арнолд Класик (Arnold Classic Europe 2015) најпрестижен спортски настан во Европа во бодибилдинг и фитнес под покровителство на светската бодибилдинг и фитнес федерација IFBB и Арнолд Шварценегер.

На Европското Првенство кое се одржа од 13-18 Мај во Санта Сузана, Шпанија, Македонија го постигна најголемиот успех до сега во женска категорија. 

Ние од време на време си јадеме салати кај Челик во Капиштец, но денес ќе зборуваме за друг Челик, најславниот и најпознат бодибилдер на овие простори за кого можеме да кажеме дека презимето му ја предодредила судбината, а дури и името му означува цврстина, карпа.. Петар е мотивација за многу македонски бодибилдери кои ги поставуваат темелите на овој спорт во нашата земја, и затоа интервју со него беше задолжително.   

Љупче Тренчевски веќе подолго време живее и работи во Холивуд како персонален тренер на ВИП фаци и како Бизнис консултант во сферата на фитнес индустријата. На 21 Ноември во Палм Спрингс, Калифорнија Тренчевски ќе настапи на Феригно Легаси, натпревар кој секоја година го организира Луис Феригно.

Зоран Колевски е дел од бодибилдинг елитата во Македонија веќе подолго време. Неговиот прв Про настап на ЕВЛС Прага Про помина со освоено 9-то место во категорија 221 во конкуренција од 15 натпреварувачи.  

На 21 јуни во градот Копер во Словенија се одржа IBFF World Championship 2015 со учество на 500 натпреварувачи од 40 земји, со што оваа година натпреварувањето доби голема конкуренција и квалитет. Македонскиот тим беше претставуван од Тоше и Габриела Зафирови, Дејан Пауновски, Деан Ангелов, и Дејан Маџовски.

Зоран Колевски е еден од најдобрите бодибилдери во нашата земја, има учество на многу домашни и меѓународни натпревари и воедно профи статус што со сигурност го притиска да биде секојпат подобар од претходниот. 

Чекор по чекор MuscleMania Universe шампионот во бодибилдинг Ty O-g го учат како да се снајде во секојдневните гимнастичарски предизвици и прогресивно да го дотераат на карики (кругови). И одлично се снаоѓа, сепак е спортска душа, ама еве како мускулите паѓаат во вода бидејќи во гимнастиката владее друга филозофија.

FB Препораки