таг / битола

Официјално и фантастично промо видео за настанот во даунхил велосипедизам кој ќе се одржи од 1 до 3 јуни 2018 година на Пелистер во организација на Екстрим Бајк Тим Битола

Академијата за боречки вештини "ЗА НЕД ДО" од Битола во периодот од 5 до 7 мај 2017 година зеде учество на Светскиот шампионат во боречки вештини кој и годинава се одржа во Сер а на покана на Грчката федерација за боречки вештини и градоначалникот на општина Сер.


Да не речите дека битолчани само мрзеливо седат на каве, и денгубат по Широк Сокак затоа што има бројни активни луѓе и фаци кои се залагаат за спортот и рекреацијата во Битола и Македонија.

Како што секогаш ги правиме нашите тури така почна и оваа со смислување на целиот настан, посветување време на секој можен детал и трошење на целото време во неделата за да имаме убав викенд. Сето тоа го преточуваме на ФБ, преку евент каде има нешто многу напишано, а никој не знае што има, зашто никој не го чита детално.

Многу логично е дека за да така гордо чекори твојата штикла по битолското корзо, мора некаде да се капне пот и да се одржуваш во форма. Нè повикаа, ние прифативме и ви откриваме каде и како се одржува фит понежната половина од „сокакот“.

Од стара и пред распаѓање ловечка куќичка, планинарските ентузијасти од Битола и Пелистер со локална помош веќе ја реновираат и опремуваат истата во планинарски дом. Па браво бе екипа, тоа е љубов.

На 12 Септември во Битола во градската болдер вежбална се одржа Болдер натпревар како дел од Првенството на Македонија во спортско качување.

Во два-три реда муабет битолската легенда Паљо ќе му објасни секому какво е чувството да се скија каде што човечка нога нема стапнато, под врвот Пелистер и за здравјето на сите оние кои практикуваат вакви работи. Во убав мајтап се дава и посебен осврт туристичките потенцијали на Баба планина. 

Токму она што му беше потребно на прекрасниот Пелистер и богатата битолска историја со планинарењето, организиран зимски марш до „Антена“ по „Патеката по камењарот“. Свежо, убо, посетено, зачинето со мајтап и со идеја да се претвори во традиција. Затоа што Пелистер го заслужува ова!

FB Препораки