таг / баба планина

Прилепскиот планински тркач Александар Стојкоски заедно со важната помош од една мала логистичка екипа, вчера на 17.10.2018 успеа да ги искачи и поврзе сите врвови над 2000 метри на планината Баба (на македонска територија) за помалку од 24 часа. Ако се прашувате колку се на број - скоро 1 врв за секој час.

Во два-три реда муабет битолската легенда Паљо ќе му објасни секому какво е чувството да се скија каде што човечка нога нема стапнато, под врвот Пелистер и за здравјето на сите оние кои практикуваат вакви работи. Во убав мајтап се дава и посебен осврт туристичките потенцијали на Баба планина. 

Се погаѓа ден ко на ресенчаниве, пука сонце, тие на планина под Голема Чука на Баба со поглед према Преспа. Да ти е мерак да си вратиш калорија и душа со топло чајче и благо. Оп, ама благото замина... 

Како што секогаш ги правиме нашите тури така почна и оваа со смислување на целиот настан, посветување време на секој можен детал и трошење на целото време во неделата за да имаме убав викенд. Сето тоа го преточуваме на ФБ, преку евент каде има нешто многу напишано, а никој не знае што има, зашто никој не го чита детално.

Муабетов е следен, ако досега не сте биле на Баба планина во зима тогаш сместа резервирајте си викенд дур држи снегов после гледање на видеово. За тие што биле еве ви прилика бар еднаш да ОДМОРИТЕ очи преку компјутерскиот екран и да се присетите на тој воздух. 

Уште од почетокот на зимава, ако може да се класифицира како права зима, на ум ни стоеше планината Баба со својата маркантната убавина, врвот Пелистер. Договор падна заедно со еден гостопримлив битолчанец кој се покажа како одличен домаќин, дојдоа уште двајца и тргнавме нагоре. Како ден беше избрана сабота, а баш таа сабота на Пелистер бевме само ние, буквално. Шубо, шо би рекле битолчани!

FB Препораки