таг / алшар

Овој викенд од 8 до 10 јуни во скриеното село Мрежичко и преубавата бујна природа на кавадаречко Мариово ќе се одржи третото издание на велосипедскиот настан Алшар - Допри го сонцето. 

Во предел кој плени со неговата изолираност, чистота и природна убавина, викендов на 11 и 12.06.2016 стотици луѓе имаа можност да уживаат во активностите на отворено на првото издание на фестивалот „АлШар - Допри го сонцето” кој се одржа во скриеното кавадаречко Мариово и прекрасните падини на Кожуф планина. Уживајте во видеото... 

Оваа година Тиквешките Точкаџии од кавадаречко ги канат сите љубители на спортот и рекреацијата да го посетат скриеното богатство во пазувите на Кожуф и регионот на Мајден, Рожден, Мрежичко и рудникот Алшар светски познат како едно од ретките наоѓалишта на лорандит. На репертоарот следат две вело-тури, планинарење, трчање, забава, кампинг и многу повеќе... 

Велосипедите се монтирани, шаторите спакувани, уште фалеше нешто вкусно во ранецот со грицки. Ова макалце го стокмивме по повод Алшар 2016 како одлична енергетска комбинација за претстојниот сончев викенд...

Оваа година во пазувите на прекрасниот Кожуф и околината на селата Рожден, Мајден и мистичниот Алшар ќе се одржи првото издание на велосипедскиот спортско-рекреативен настан „АлШар 2016”. Подолу го имаме тизерот, па изјаснете се дали сте спремни да го „допрете сонцето”?

FB Препораки