таг / алпинизам

На 25 октомври оваа година австрискиот алпинист Давид Лама самостојно успеа за да го искачи досега неискачениот врв Лунаг Ри 6907 мнв, кој е на границата на Непал и Тибет.

Видео од соло искачувањето на Матерхорн од страна на нашиот планинар Александар Кирковски ова лето. 

Нашиот планинар и планински тркач Александар Кирковски не престанува да изненадува со одличните времиња на искачување на алпските врвови оваа сезона. По Мон Блан кој ова лето го искачи од италијанската страна, следеше алпската икона Матерхорн и врвот Гран Парадизо, сите во брз стил со качување и спуштање за кратки временски периоди. 

Алпинистите Симон Гитл и Виторио Месини оваа недела успеаја да направат исклучително интересен подвиг качувајќи ги северната страна на Ортлер, јужната страна на Чима Пикола ди Лаваредо и северната страна на Гросглокнер за помалку од 48 часа, а помеѓу врвовите нивниот транспорт беше немоторизиран т.е. единствено со велосипед и скии. 

Алпинист, зоолог, спелеолог, екологист, борец за заштита на животната средина, татко на две деца, сопруг и скромен човек - вљубеник во планината. Како што тој самиот имаше изјавено, Бојан Петров никогаш не ги покоруваше врвовите, туку единствено себеси. Поставете си високи цели и следете ги додека не успеете до врвот!

Пред две години, на почетокот од август 2016 година, две наши наврски го направија првото траверсирање на Матерхорн од страна на македонски тим, стартувајќи од Червинија и гребенот Креста дел Леоне, а симнувајќи се по швајцарскиот гребен Хорнли. Ова е приказната за Алек, Кољо, Бојан и Саша на Матерхорн како мало загревање за ЕХО 2019.

На 27 јули оваа година, швајцарскиот алпинист Дани Арнолд успеа да постави нов рекорд на насоката Касин - северната стена на Гранд Жорас во монбланскиот масив. 

Овој месец во масивот Каракорум во Пакистан, поточно на планината Броуд Пик, алпинистот Рик Ален беше во соло обид за искачување на 8047-метарскиот врв. По извесно време се губи секаков контакт со планинарот и истиот се прогласува за исчезнат, се додека не се најдоа пар млади деца со дрон.

Овој викенд на отмаровата карпа на Матка, алпинистите Надир Мурсели и Зоран Мајсторски ја комлетираа и финишираа веќе поставената алпинистичка насока „Маткино Срце”. 

На денешен датум пред 29 години, Димитар Илиевски - Мурато од Битола како дел на македонско-хималајската алпинистичка експедиција „Еверест '89" успеа да направи огромен подвиг за нашата Република и македонскиот спорт. Тој се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест, но при враќањето не успеа да слезе во последниот висински логор и засекогаш остана таму. Во чест на Диме.

FB Препораки