таг / 2016

Како едно од најинтересните традиционални и рекреативни заокружувања на старата и поканување на новата година е Дедомразовската Трка која се одржува на претпоследниот викенд секој декември. Оваа година на истата учествуваа рекорден број на дедо (и баба) мразовци кои го доведоа расположението на високо ниво. Уживајте во видеото и имајте уште поактивна и раздвижена 2017... 

Накратко, ова е дел од програмата на овогодинешното издание на ЕХО, фестивалот на планинскиот филм. Се гледаме на 17ти во 19 часот...

За да се вклучиш се што треба е да се појавиш! 1ви Октомври, Сабота. 150 локации низ 50 општини во Македонија. Пронајди ја најблиската локација и оди на чистење, не му ја мисли многу, ѓубрето нека му ја мисли.

На 24 и 25 септември оваа година со старт и финиш во прилепскиот Варош ќе се одржи шестото по ред и досега најмасовно издание на најголемата македонска ултрамаратонска трка Крали Марко Треилс - „По Стапките на Крали Марко". Дојдете и бидете дел од уникатниот спортски меѓународен настан под Марковите Кули.

Отворена покана до сите авантуристи и љубители на природата за учество на еден од најуникатните традиционални спортски настани во Македонија - Крали Марко Треилс 2016. Забрзајте го темпото и пријавете се до крајот нa рокот овој август...

Трета година по ред учествуваме манифестацијата „Сајт на годината”, а досега вашите гласови не нè разочарале. Премногу ни значи вашето признание дека правиме нешто позитивно и корисно со цело срце и енергија. Тоа е огромен поттик за нас да продолжиме со работата како единствен сајт во Македонија што обединува здрави категории со блог и социјална мрежа.

Со малку подранета дата оваа година, од 17 до 20 октомври го очекуваме седмото издание на фестивалот што ја негува и прикажува љубовта кон планините преку седмата (честопати и осмата) уметност - планинскиот филмски фестивал ЕХО. 

Овој викенд со старт и финиш во амфитеатарот во најстарта прилепска населба Варош се одржа шестото традиционално издание на најголемата трка во планинско трчање Крали Марко Треилс - „По стапките на Крали Марко". Оваа година КМТ беше и најмасовно посетена со преку 400 учесници во сите четири трки и настанот, а преку најдолгата трка во изданието, настанот официјално прерасна во најдолгиот ултрамаратонски подвиг во Македонија.

Од 23-25 септември, во Хотел Александар Палас, по втор пат ќе се одржи најголемиот интерактивен настан за ЗДРАВ ЖИВОТЕН СТИЛ.

Во високите, недостапни делови на североисточна Шар Планина, на работ од Македонија и Косово и помеѓу Старо Село и Штрпце, се одржува една од најтешките и најсуровите трки во планинско трчање на Балканот.... 

FB Препораки